Нови ковид правила за влез во Германија

Луѓето кои не биле вакцинирани или не прележале коронавирус ќе мора да одат во самоизолација десет дена ако доаѓаат од земја со висок ризик, соопшти државниот Институт за епидемиологија Роберт Кох.

Така, од недела, кога стапува во сила оваа одредба, сите лица кои не биле вакцинирани или кои не прележале коронавирус ќе мора да одат во десетдневна самоизолација кога ќе влезат во Германија. Самоизолацијата може да се прекине по пет дена со прикажување негативен тест или потврда за вакцинација.

Сите повратници мора да се регистрираат

Сите повратници во Германија се обврзани да се регистрираат пред да пристигнат во Германија, а вакцинираните или лицата кои прележале коронавирус можат да го вметнат својот сертификат за вакцинација при регистрацијата, со што се ослободуваат од карантин при враќањето.

Од 1 ноември ќе стапи на сила регулативата според која државата нема да ги обештети лицата кои не можат да ја извршуваат својата работа поради самоизолација, како што тоа беше случај досега.

Во некои сојузни држави, како што е Северна Рајна-Вестфалија, оваа регулатива веќе стапи на сила. Германските власти ги вклучија Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Србија во листата на земји со висок ризик. Критериумите за класификација на земја како високоризична не се само бројот на нови случаи туку и брзината на ширење на вирусот како и оптоварувањето на здравствениот систем.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија