Британска Колумбија започна нова програма за имиграција во Канада

Канадската провинција Британска Колумбија ги отвори своите врати за имигранти од целиот свет кои имаат бизнис идеи, со нов систем кој на заинтересираните кандидати ќе им овозможи онлајн регистрација.

Кандидатите ќе добијат дозвола за работа, ако нивното деловно работење во Британска Колумбија ги исполнува барањата на програмата. Кандидатите заедно со нивните семејства, ќе бидат во можност да аплицираат за постојан престој во Канада преку British Columbia Provincial Nominee Program (BC PNP).

Како ќе функционира програмата
BC PNP е програма која се обидува да привлече што поголем број кандидати со бизнис вештини кои ќе бидат од значителна помош за економијата во провинцијата. Заинтересираните кандидати најпрво ќе бидат оценувани, а ќе можат да добијат максимум 200 поени. Секој месец оваа програма им овозможува виза за Канада на 200 кандидати кои имале најмногу поени. Поднесената апликација истекува во рок од 6 месеци. Тоа значи дека ако кандидатот не добил покана во рок од 6 месеци, неговата апликација се поништува, а доколку сè уште е заинтересиран, тој треба одново да аплицира.

Доколку е избран, кандидатот добива покана при што во рок од 4 месеци треба да поднесе целосна апликација. Ако барањето е одобрено, кандидатот потпишува Договор, и добива рок од 20 месеци за спроведување на бизнис идејата. Ако ги исполни условите во Договорот во рок од 20 месеци, кандидатот заедно со неговото семејство може да аплицира за постојан престој во Канада.

Многу повеќе информации за оваа програма можете да прочитате на следниот линк.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија