ВИДЕО: Во британскиот „Милионер“ прашање за ракијата Сливовица за 150.000 евра: Натпреварувачот мораше да ја повика мајка му за помош

Прашањето за 125.000 фунти во британското издание на квизот „Кој сака да биде милионер“ стигна и до балканските корисници на социјалните мрежи бидејќи се однесуваше, ни помалку ни повеќе, на ракијата Сливовица.

Прашање на кое секој маж од овие простори би го дал одговорот без двоумење, го мачело британскиот натпреварувач, а тој морал, согласно пропозициите на квизот, да ја повика мајка си на помош.

„Кое овошје е главната состојка на Сливовица Бренди“ беше прашањето, а меѓу понудените одговори беа цреша, кајсија, портокал и слива.

Со оглед на тоа дека имал можност да користи помош, и дека не го знаел одговорот на прашањето, натпреварувачот веднаш ја повикал мајка си, која без размислување го дала одговорот – слива. Кога нејзиниот син ја прашал дали е сигурна, жената потврдила и му помогнала да освои неверојатни 125.000 фунти (што е околу 150.000 евра).

„Те сакам мамо“, рекол натпреварувачот, а водителот додал дека и тој би ја барал својата мама бидејќи пие вино од сливи.

Овој момент од квизот стана вирален на социјалната мрежа Х, а Србите беа особено воодушевени од изборот на прашања.

„Има само една мајка!“, „Одоговр како од пушка“, „Од брзината на одговорот се гледа од каде потекнуваат корените“, беа само дел од духовитите коментари.

Извор: tocka.com.mk

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија