Која е тајната за среќа на Швеѓаните за време на зимските денови?

За оние кои ја посетиле Шведска или живееле таму, знаат дека деновите во текот на зимата се многу кратки.

Мракот паѓа околу 15:00 часот, а сонцето е навистина ретко. Но, жителите на оваа држава често се наоѓаат на листата на најсреќни луѓе во светот. На што се должи тоа?

Мир и спокој во зимските денови

Кога студот владее надвор, а деновите се кратки, Швеѓаните одбираат да останат дома во топлината на својот дом, читајќи книга, гледајќи филм со чаша топло чоколадо или вино и не размислувајќи премногу за работата и другите грижи. Нивниот дом е осветлен со минимална светлина, мириса на божиќни свеќи и тазе печени благи.

Поврзаност со природата

За нив, снегот не претставува проблем бидејќи тие го прифаќаат како дел од своето секојдневие. Минуваат време надвор додека паѓа снег на минусните температури, уживајќи во боите кои ги носи зимата. За време на викендот, знаат да одберат и физичка активност, а често можат да се видат и луѓе кои трчаат или возад велосипед на снегот. За нив, тоа не е само раздвижување и физичка активност, туку и поврзување со природата и потсетување на нејзиниот циклус.

Заедништво и споделена радост

На крајот на неделата, рестораните и баровите се исполнети со луѓе кои минуваат време заедно уживајќи во разговори. За нив, зимата не може да ги спречи да уживаат во топол пијалок и добар разговор. Можат да се забележат и новогодишни базари, заедничко славење на празничната сезона, која исто така носи споделена радост.  

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија