Не само доктори, инженери и “физикалци”, виза за Германија можат да добијат и спортистите.
Ако сте професионален спортист или тренер и доаѓате од странска земја, првично ќе ви треба влезна виза која подоцна мора да ја претворите во дозвола за престој. Оваа дозвола за престој им овозможува на странските спортисти и тренери, соодветно, професионално да го практикуваат својот спорт во Германија за одреден временски период. Како професионален спортист или тренер од земја која не е членка на ЕУ, мора да аплицирате за виза во одговорната германска амбасада во вашата земја пред да влезете во Германија. Апликацијата мора да биде одобрена од локалната управа за странци (Ausländerbehörde) на планираното место на живеење во Германија. Сепак, не е потребно одобрение од Федералната агенција за вработување (БА). Следниве услови мора да се исполнат за да се добие дозвола за престој:
- Спортистот или тренерот мора да има најмалку 16 години и мора да го практикува својот спорт во германски спортски клуб или споредлива спортска установа, под услов да учествува во натпреварувачки спортови.
- Спортскиот клуб или установа мора да му плаќа на спортистот или тренерот доволно за да може да заработи за живот (најмалку 50 проценти од прагот на приходот од законското пензиско осигурување).
- Одговорната асоцијација за спорт и Германската спортска федерација со меѓусебен договор ја потврдуваат атлетската квалификација на спортистот или професионалната компетентност на тренерот.
Исто така од март 2020 година Германија издава визи за “спортисти кои практикуваат еспорт (esports – електронски спорт)”
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.