Во книгата „Cruise Confidential” на Брајан Дејвид Брунс, првиот човек кој го одработил целиот договор во историјата на компанијата „Carnival Cruise”, изнел неверојатни детали од своето искуство, кои се однесуваат на многу секс, многу омраза, угнетување и забава.
Работата на крузери можеби звучи како совршена работа – патување по светот, запознавање на сите нации и голема плата, но оваа работа е се, само не тоа. Сите валкани тајни кои ги чува просторот под палубата на луксузни, пловечки хотели ги отркива Брајан Дејвид Брунс, првиот Американец во историјата на компанијата „Carnival Cruise” кој го одработил целиот свој договор без да даде отказ.
Тој за своето искуство напишал книга. Во книгата “Cruise Confidential” Брајан изнел неверојатни детали од својата работа кои се однесуваат на многу секс, многу омраза, угнетување и забава.
На бродот добивав само два слободни ручеци на секои осум дена. Инаку работев секој доручек, ручек и вечера. Секој ден. Најлошиот дел од работата е чувството дека работодавецот буквално ве поседува. Корпорацијата контролира што јадете, кога јадете, кога можете во тоалет, апсолутно се. Ако еден ден веќе сте одработиле 12 часа а тие ви велат дека треба да работите уште четири тоа и ќе го направите без приговор.
Исто така, она што ве убива во поим е начинот на кој ви е структуиран денот – никогаш не можете да спиете цела ноќ. Главно би можеле да споиме четири до пет часа сон во една вечер и тоа откако ќе изработевме по 12 часа“, открива Брајан во својата книга.
Меѓутоа, фактот дека работат како робови, спијат напикани во кабина како сардини без ронка приватност и дека се платени неверојатно малку (Брунс како келнер бил платен помалку од 50 долари месечно и секако, зависел од напојниците), работниците морале некако да го преживеат.
Во тоа им помагал сексот. Многу, многу секс. И потсмевање со гостите.
Бродската екипа тоа малку слободно време што го имала, го користела за забави. Тие кратко траеле, обично од полноќ до три часот наутро. Понекогаш два пара имале секс истовремено во една мала кабина, а ги делела само една завеса. Келнерките често завршувале со бродските официри во надеж дека ќе им помогнат да најдат подобро сместување и помалку напорна работа.