Германија ги признава возачките дозволи на Република Косово.
Германскиот Бундесрат гласаше за пренамена на возачките дозволи на пленарната седница на Бундесрат што се одржа денеска.
„Со задоволство можеме да објавиме дека Бундесратот штотуку гласаше за потпишување на договорот за признавање на возачката дозвола на Република Косово“, се вели во соопштението на Амбасадата на Косово во Германија.
Амбасадата ова го смета за подарок во пресрет на прославата на 14-годишнината од независноста на Косово.
За ова прашање пишуваше и амбасадорот на Косово во Германија. Тој во објава на Фејсбук рече дека добил 69 гласа во Бундесратот што го овозможиле тоа.
За возачките дозволи од Република Косово е предвидена конверзија на возачка дозвола без дополнителни испити во следните категории: AM, A1, A2, A, B, EU, C1, C1E, C, CE, D1, D1E, D и DE .