Германија го зголемува минималецот

Германската влада донесе одлука за покачување на минималната саатница на 12 евра, соопштија по состанокот на кабинетот.

„Со зголемување на минималецот ќе профитираат повеќе од 6 милиони луѓе, пред сѐ жени вработени на истокот на земјата“, рече министерот за труд Хубертус Хеил по редовниот состанок на кабинетот во средата.

Хеил рече дека зголемувањето на минималната саатница од 9,82 на 12 евра исто така им оди во прилог на вработените кои во текот на пандемијата ги „одржуваа виталните функции на државата“, како негуватели како и останатите вработени во дејности кои се релевантни за функционитање на системот.

Минималната саатница првично во јуни требаше да се зголеми на 10,45 евра, а потоа во октомври на 12 евра.

Владата ја оправда оваа одлука со порастот на цените за живот и домување во Германија.

„Овој пораст на животните трошоци во прашање ја доведе можноста за покривање на тековните трошоци за лицата кои на минимална саатница работат полно работно време“, стои во соопштението од владата.

Зголемувањето на минималецот мора да биде одобрено од Бундестагот, каде владејачката социјалдемократска-зелено-либерална влада располага со мнозинство.

Германскиот сојуз на синдикати ја поздрави оваа одлука на владата како важен сигнал во борбата против осиромашувањето на вработените.

„Овде се работи за вреднување на работата и важен чекор во борбата за спречување на ширење на сиромаштијата“, рече членот на управниот одбор на синдикатите Стефан Керзел.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија