Се почесто во инбокс го добиваме прашањето: газдата или фирмата не ми дава доволно работни саати, што да правам ?
Минус саати не постои. Во многу ситуации работодавецот кажува дека ќе бидете во минус саати. Но тоа не е така и не е законски.
Се случува, работникот да дојде на работа, но после 2 часа не се чувствува добро и мора да си оди дома. Во тој случај се смета дека работникот тој ден работел 8 часа, неможе да се одземат 6 часа и работодавецот е должен да го исплати целиот работен ден. Се разбира мора да отидете и на лекар во меѓувреме.
Друга ситуација, која најчесто се случува: едноставно во фирмата нема доволно работа и во вакви случаеви газдите или шефовите знаат да кажат, после 4 изработени часа: слушај, оди си ти дома, а јас ќе ти пишам -4 часа. НЕ ! тоа не смее!!! Во вашиот работен договор тој се обврзува да ви најде работа.
Значи ако проба да ве испрати да си одите дома, тоа е на негова одговорност и вие мора да бидете платени како да сте работеле цело работно време тој ден.
Исклучок е, на пример, ако вие како работник кажете: шефе, јас сакам секој петок да си одам 2 часа порано поради одредени приватни причини ( реновирам куќа, стан, морам да го земам детето од градинка итн ), во тој случај тоа се смета како минус саати.
Или ако имате таканаречено Arbeitszeit конто и покрај постоечкиот работен договор направите дополнителен договор ( анекс ), каде е точно регулиран тој таканаречен Arbeitszeit конто со тие минус и плус саати тогаш може да имате минус или плус саати, но и тука има граници кои не смеат да се надминат ( неможе да се оди до недоглед во плус или минус ) и тоа се регулира со посебен договор.
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.