Дали знаете дека измамниците во изминатите 8 месеци на ситни превари преку смс, ватсап, месинџер и пеј пал само во Германија имаат собрано преку 22 милиони евра!?
Кои се најчестите измами и како да се заштитите ?
Најпрво, пораки од вашата банка каде ви ги бараат вашите банковни податоци или ви нудат опција да симнете нова апликација со кликање на некој сомнителен линк.
– Банките никогаш не бараат такви податоци преку смс пораки.
Друг начин, лажни пораки од DHL, UPS, DPD….во кои ве известуваат дека не успеале да го достават вашиот пакет па мора да кликнете на некој линк за да дознаете каде да го најдете или да доплатите нешто ситно за царина или за тежината на пакетот.
Трет начин е лажни пораки од мобилни оператори каде ве известуваат дека ви истекува договорот или сим картицата, па мора да кликнете на линк за да ги продолжите.
Исто така, лажни пораки за купување од ZALANDO, BONPRIX итн…во кои ви бараат да ги испратите вашите банковни податоци бидејќи тие ја изгубиле вашата уплата па да ја пронајдат.
И секако, пораки во кои вашите пријатели или деца ве известуваат дека го промениле бројот па да го меморирате новиот, а потоа во главно ве молам да им префрлите „некој динар“ бидејќи им е хитно.
Како да се заштитите од сето ова?
Како прво, никогаш немојте да ги давате вашите банкарски или лични податоци по пат на порака, никогаш макар и на вистинската банка.
Под два, проверете ја веродостојноста на линковите пред да кликнете на нив. Во главно водат кон лажни сајтови кои ги крадат вашите податоци. Значи не кликајте на секакви линкови и не отворатје сомнителни прилози на емаил.
Трето, погледнете ја внимателно веб адресата и телефонските бореви од кои ви стигаат лажните известувања. Секогаш се чудни.
И четврто, најчесто јазикот на кој се напишани овие пораки е очаен односно очајно преведен.
Пишете ни во коментар дали сте имале вакви или слични искуства.
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.