Прва работа која не смее да ја бара од вас е дека не морате да бидете нон стоп достапни. Значи во вашето слободно време кога не сте на работа или кога сте на боледување не морате да бидете достапни и не морате да одговарате на телефон.
Вашиот работодавец не смее да ви дава разно разни работи. Значи смеете да го работите тоа што е наведено во договорот за работа и што е поврзано со описот на вашето работно место кој стои во вашиот договор. Значи ако работи во биро на компјутер, наравно дека и не морате да го чистите бирото.
Работодавецот не смее да ви ги скратува паузите. Односно сосема спротивно т.е. работодавецот мора да се погрижи за тоа да вие имате доволно одмор во текот на работното време. Сето ова е пропишано со закон.
Вашиот годишен одмор кој е одобрен, неможе и не смее да се укини.
Прашања кои се однесуваат на вашиот приватен живот, не смее да прашува и всушност тоа нема никаква врска со него. Значи останува на вас дали ќе откриете нешто од вашиот приватен живот. Инаку не морате да одговарате на такви прашања и тука бидете јако внимателни.
Ако бара од вас да работите кога сте болни, тоа не морате да го прифатите.
Предметите кои ви се потребни за работа не мора самите да ги купувате, значи ако ви треба лап топ или било каков алат за работа, неморате тоа самите да го купувате, освен ако ви даде на писмено дека тој ќе ги покрие трошоците за тоа.
Работодавецот не смее да ви забрани да одите во тоалет. Значи никаде во законот не стои дека работодавецот може да ви забрани да отиде во тоалет, односно одите онолку пати колку што имате потреба да појдите.
Работодавецот неможе да ве натера да лажете во корист на фирмата.
И последна, многу битна работа, работодавецот не смее да го менува договорот. Без ваш потпис неможе да го сменува работниот договор. Договорот е важечки само ако го потпишале двете страни.
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.