Поради драматичното зголемување на бројот на заразени, идната германска влада, која ќе ја сочинуваат социјалдемократите, зелените и либералите, има намера да го заостри законот за заштита од инфекција. За мерките сѐ уште се разговара, а в четврток Бундестагот треба да гласа за законот.
Во понеделникот седумдневниот број на заразени во Германија првпат надмина 300 на 100.000 жители.
Страв од полни болници
Зборувајќи за тоа какви мерки може да се преземат, пратеникот на германските социјалдемократи, Дирк Визе, рече дека тоа се значителни ограничувања за невакцинираните, кои ги сметаат за исправни.
Невакцинираните граѓани може да имаат ограничен контакт или да мора да работат од дома, а можно е да биде потребен негативен ковид-тест за да одат на работа или дури и да влезат во јавен превоз.
– Тоа е, всушност, заклучување за невакцинираните – вели Висе.
Мерки кои според новиот закон веројатно веќе не би можеле да се воведат се ограничување на движењето и патувањето за сите, затворање на угостителски и сместувачки капацитети, како и продавници и ограничувања за спортски активности.
Трите партии се договорија и за воведување задолжителна вакцинација за одредени занимања.
– Ќе бидат потребни задолжителни вакцини за старски домови, градинки и слично. Ќе почнеме да работиме на таа мерка – изјави шефицата на пратеничкиот клуб на Зелените, Кетрин Геринг-Екарт.
Здравствениот експерт од социјалдемократите, Карл Лаутербах, изрази загриженост.
– За три или четири недели ќе имаме толку високи бројки, што интензивната нега ќе биде преоптоварена. Ќе треба да транспортираме пациенти од еден во друг град – вели Карл.
Во Австрија веќе е воведено заклучување за невакцинираните
Додека во Германија сè уште се разговара за построги мерки за борба против пандемијата, Австрија веќе презеде конкретни чекори. Во таа земја веќе е во сила карантин за невакцинирани лица постари од 12 години.
Секој што не бил вакциниран или не прележал ковид-19 во изминатите 180 дена, може да го напушти домот само од оправдани причини. На пример, за шопинг, посета на лекар, одење на работа или пешачење од здравствени причини.
Времетраењето на оваа мерка првично е ограничено на 10 дена. Најавени се строги полициски контроли, а во случај на прекршување на забраната се заканува казна до 1.450 евра.
Мерката погодува околу 2 милиона луѓе што не биле вакцинирани. Австрија има 850 нови инфекции на 100.000 жители во последните седум дена.
– Ситуацијата со пандемијата е сериозна – рече канцеларот Александар Шаленберг на прес-конференција во неделата, на која зборуваше и за „срамно нискиот број на вакцинирани“.
Во Австрија се вакцинирани 65 отсто од граѓаните, што е нешто помалку отколку во Германија (67,5 отсто).
Во Германија болниците сѐ повеќе се полнат со вакцинирани граѓани, особено со стари лица, кои сега примаат и третата доза од вакцината. Според податоците, шансите невакцинираните граѓани тешко да се разболат и да умрат од ковид-19 се многукратно поголеми од оние на вакцинираните.
Извор: Deutsche Welle
Фото: Freepik