Зошто се преселив во Шведска?

Еден Американец раскажува за тоа зошто даноците во Шведска се поприфатливи од даноците во Америка

Шведските даноци полесно се плаќаат, рационално и ефикасно. Најдобро од се`, наместо да одземаат можности, тие ги прошируваат“, вели Американецот.

Се чини дека Американците поради би имале непристапност до јавните места и инфраструктура која се распаѓа, отколку да плаќаат даноци. Впрочем, секој Американец знае дека даноците во Шведска се високи.

Меѓутоа, Американецот раскажува дека во Шведска таксите и не се толку високи. Всушност, како што вели тој, започнал да ги сака шведските даноци, и дава неколку причини зошто.

1. Шведските даноци на приход не се многу повисоки од американските но тие овозможуваат образование

Американските критичари велат дека Швеѓаните плаќаат 56% – такашто владата им зема половина од нивните пари. Но, ова не е вистина – 56% е маргинална даночна стапка. Само 15% од Швеѓаните плаќаат такса на оваа стапка. Просечниот Швеѓанец плаќа помалку од 27% од неговиот приход во директни даноци.

За данокот добивате бесплатно образование – факултетите се бесплатни, а студентите добиваат стипендии за сместување.

2. Формуларот на данокот веќе е пополнет

Додека во Америка даночните формулари се повеќе од 30 страни, во Шведска формуларот доаѓа во 4 страни, и тој е веќе пополнет.

Швеѓаните очекуваат нивната влада да биде ефикасна, такашто даночните власти се. Само 11% од Швеѓаните велат дека не е лесно да ги пополнат нивните даночни формулари.

3. Не постои данок на имот

Данокот на имот постои од самото основање на Америка. Данокот е администриран од локалната влада и поголемиот дел од парите одат за плаќање на училишта, локални патишта и други услуги.  Тие се движат од 2.38% во Њу Џерси до 0.28% на Хаваите. Даноците на имот им штетат на постарите граѓани чии приходи не одат нагоре, но чии даноци на имот одат.

Кога конзервативната влада, која фаворизира пониски даноци, дојде на власт во Шведска во 2006 година, еден од првите чекори беше укинување на данокот на имот и замена за фиксен надомест. Цената на недвижен имот за услуги е 825 долари.

Ова важи за сите без разлика на проценетата вредност на домот.

4. Даноците на промет во Шведска се повисоки – но помалку забележливи

Швеѓаните и голем дел од Европејците се муртат кога ќе купат нешто за 10 долари во Америка, а продавачот им бара 10.55.

Даноците на промет се виоки во Шведска, но не се забележливи, со што е лесно да се платат. Ако нешто чини 100 круни, тогаш го плаќате за 100 круни. Кога ќе погледнете на фискалната сметка ќе видите дека чинело 80 круни, а 20 круни одат за данок.

5. Швеѓаните добиваат кеш наместо намалување на данокот

Една од причините зошто данокот на дохот во Америка е ужасен е тоа што Американците се обидуваат да наградат одредени активности со обезбедување на намалување на даноците. Ако направите добро дело (како на пример ставање соларен панел), тогаш добивате пониски даноци.

Ако шведската влада сака да направите нешто, тие ви ги даваат парите. На пример: раѓањето деца е добро за општеството и ги чини родителите пари. Во Америка, добивате намалување на вашиот данок на доход за другите лица. Во Шведска добивате чек секој месец кој можете да го искористите за што сакате. За едно дете добивате 120 долари месечно и до 620 долари за четири деца.

Процесот е едноставен, фер и сосема јасен. Парите доаѓаат кога ви требаат.

6. Високите даноци даваат поголем избор и слобода

Дејвид Брукс, од редакцијата на „New York Times“, тврди дека ако Американците плаќаат високи даноци во европски стил „ќе ја ослаби способноста на членовите на средната класа да направат избор за сопствените животи“.

Можеби Брукс треба да живее во странство. Луѓето како Брукс се чини дека се горди што даночните приходи во Америка се само 26% од БДП, додека во Шведска е 43%.

Тоа што не мора да плаќаат за факултет е една од најпаметните и најдобрите можности кои ги нуди шведската влада.

Исто така, системот за јавен превоз е ужасен во Америка, додека во Стокхолм или било кој друг европски град постојано нуди автобуски превоз или превоз со воз неколку пати на час. Ова е изборот кој Европејците го имаат, а Американците го немаат. 

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска