Дали изнајмувањето стан за семејства со деца може да биде голем проблем во поголемите градови?
Цените на недвижностите низ ЕУ дивеат, и за купување и за изнајмување, поради што многу станари едвај можат да си ги дозволат.
И покрај високите цени, побарувачката е многу голема!
Платформите за изнајмување изобилуваат со објави на „очајни“ луѓе кои бараат соодветно сместување по релативно пристојна цена.
На пример, „бркањето“ на станарите во текот на сезоната поради попрофитабилните дневни, туристички изнајмувања, барем кога се во прашање градовите на крајбрежјето, до условите за број на членови, деца или домашни миленици.
Сепак, полесно е да се најде стан во кој се дозволени животни „погодни за миленичиња“, но ако имате деца тоа може да биде голем проблем.
Некои изнајмувачи како причина за тоа ги наведуваат претходните лоши искуства со семејства со деца, а од друга страна луѓето се прашуваат дали е можно на човек да му пречи детето?
Не е ново што во огласите експлицитно се наведува дека станарите со деца не се добредојдени, а тоа им создава голем проблем на семејствата со мали деца.
Многу станоиздавачи не спомнуваат ништо во огласот, но кога ќе им ги спомнете малите деца, тие веднаш почнуваат да се грчат и индиректно да ги одбиваат, додека семејствата со домашни миленици многу полесно наоѓаат стан.
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.