Голема промена на системот за боледување во Германија

Германија го менува системот за боледување

 Германија од 7 декември воведе нова регулатива која од темел ќе го промени досегашниот систем на издавање потврди за привремена спреченост за работа, односно за боледување, јавија локалните медиуми.

Тоа е веќе позната мерка од најсилната фаза на пандемијата на коронавирусот: отворање боледување по телефон.

Оваа практика, која требаше да биде укината со крајот на Ковид-19, сега може да се применува трајно.

Овој потег може да донесе долгорочни промени во начинот на кој луѓето добиваат боледување, што ќе го направи пристапот до медицинската поддршка пофлексибилен.

Бундестагот реши трајно да го воведе уште летоска, но примената на оваа регулатива беше одложена. Мешовитиот комитет првично планираше да ги има насоките до крајот на јануари.

Но, состојбата во лекарските ординации бара забрзана имплементација на оваа регулатива.

Како што пишуваат германските медиуми, телефонското боледување би можело да се најде на дневен ред на пленарната седница на 7 декември.

Сојузната мешовита комисија објаснува дека уредбата стапува во сила веднаш штом ќе биде усвоена.

Новата регулатива дозволува сите болести за кои не се очекува да бидат сериозни да се потврдуваат по телефон, под услов ординацијата да го познава пациентот и да може непобитно да се утврди идентитетот на повикувачот.

Тоа значи дека пациентите можат сами да се лекуваат дома кога се болни без да одат на лекар. 

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија