Ако имате банкнота од сто динари може да заработите 20.000 евра!

Кој знае, можеби еден ден на некое поткровје навистина ќе наидете на пари кои вашите предци ги издвоиле за „црните денови“, а може да ја најдете и во онлајн огласите во сопственост на некои странци кои не знаат што точно поседуваат.

Во секој случај, како што објавија српските медиуми во средата, некои од старите банкноти денес вредат многу, особено стоте динари што биле испечатени во 1884 година.

Банкнотата од сто динари од 1884 година, во зависност од степенот на зачуваност, денес вреди неколку илјади евра, а доколку е во исклучително добра состојба, за неа може да се добијат и дваесет илјади евра“, изјави за РТС нумизматичарот Жељко Јелиќ.

Оваа банкнота беше во оптек до Првата светска војна, кога околу седумдесет од нив останаа во оптек, додека судбината на другите и денес не е позната.

„Има монети стари сто и пол години кои во меѓувреме не добиле никаква драстична вредност, а има монети стари и дваесет години кои се популарни. На пример, сите монети со ликот на Никола Тесла се баран денес, без разлика на тиражот“, нагласи Јелиќ.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија