Голем штрајк во Германија на 8 јануари

Голем штрајк може да ја парализира Германија во понеделник, 8 јануари, јавуваат германските медиуми. Штрајк имаат најавено машиновозаќите и земјоделците.

Гневните земјоделци и железничкиот синдикат ГДЛ може да предизвикаат хаос со штрајкот најавен за 8 јануари ширум Германија. Сите кои треба тој ден да одат на работа треба навреме да се информираат.

Како резултат на штрајкот може да дојде до блокади на одредени патишта, како и укинување на железничките линии.

Демонстрантите планираат таканаречен „генерален штрајк“ во Германија.

„Протести какви што земјата не доживеала досега“

Предводници на протестот се земјоделците кои бараат субвенции за синиот дизел и ослободување од плаќање данок на возила.

Според германските медиуми, на 8 јануари гневот на земјоделците кон власта може да стане уште пожесток.

Претседателот на фармеритесе закани: „од 8 јануари ќе бидеме присутни насекаде на начин каков што земјата никогаш не го доживеала“, рече тој.

Земјоделците можеби ќе сакаат да ги блокираат патиштата со своите трактори во сите главни градови на сојузните држави и на тој начин да ги засенат контроверзните демонстранти од „Последната генерација“.

Но, тоа не е сè: синдикатот на машиновозачите (GDL) би можел да штрајкува исто на 8 јануари.

Од 8 јануари треба да се очекуваат подолги работни спорови“, рече првиот човек на ГДЛ.

Ќе штрајкуваме најмногу три до пет дена“, изјави тој за германските медиуми.

Земјоделците се обидуваат да добијат и голем број други поддржувачи за нивните протести, вклучувајќи трговци и транспортери.

Значи, штрајкот на 8 јануари може да биде огромен !!!

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија