Грандиозна куќа во Шведска се продава за само една круна

Огромна куќа во француски стил која се наоѓа на 160 километри од Стокхолм, е ставена на продажба за само една шведска круна. Во што се состои трикот? – Сопственикот ќе мора да ја реновира.

Вилата е изградена во 1864 година, а реновирана е во 1882 од страна на трговецот Аксел Брант, кој бил инспириран од неговите патувања низ Франција. Новото реновирање ќе чини многу пари, а доколку не се најде купувач кој ќе биде спремен да вложи во неа, истата ќе мора да се урне. Извршниот директор на локалното пристаниште, изјави дека веќе подолго време сакаат да ја урнат оваа куќа. „Ние немаме никаква корист од оваа голема вила“, изјави Фредрик Сванбон.

Сепак, кампањата на Фејсбук за спас на оваа куќа, доби широка поддршка. Повеќе од 1 милион луѓе ја виделе објавата на Сванте, кој вели дека интересот е огромен.
„Ќе биде страшно да ја изгубиме оваа куќа кое е наше големо богатство“,  вели Сванте Хелмбаек Тирен, кој беше иницијатор на фејбук група за да ја спаси вилата од уривање.

Засега има заинтересирани кандидати од Шведска, Велика Британија и САД. „Јас навистина се надевам дека ќе најдеме потенцијален купувач. Сепак, ова е е нималку лоша куќа како за една круна“, вели Сванте.

rsz_kopia_av_dscn3671

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска