Наместо да чека одлуката на европските министри да ја решат судбината на Грција, еден Британец од Јокшир решил да започне иницијатива за спас за на оваа држава од банкарската криза. Имено, користејќи ја интернет страницата за групно финансирање „Indiegogo“, тој за неполн ден успеа да собере прилично голема сума на пари. Во време на пишување на статијата, беа собрани повеќе од 67.000 евра од околу 4.500 граѓани на ЕУ.
„Европската Унија е дом на 503 милиони луѓе. Ако сите ние донираме по малку, ќе можеме да ја спасиме Грција. На Грција ѝ се потребни 1,6 милијарди евра. Тоа е навистина голема бројка, но ако секој од нас донира малку повеќе од 3 евра, ќе успееме да ја собереме таа сума.“ – напишал 29 годишниот Британец.
Во зависност од тоа колкава сума ќе донираат, граѓаните можат да добијат разгледница од Грција, салата со фета-сирење и маслинки, шише узо и грчко вино. А оној кој ќе ја донира целата сума, ќе добие еден грчки остров.
Иницијативата за донирање пари можете да ја видите тука.