Германската пензија, како и пензијата насекаде во светот, се добива врз основа на стажот и приходот што го плаќате во него. Според правилото во Германија, секој човек како работник е должен да плати пензиско осигурување.
3 начини на кои пензиското осигурување не штити:
- ни обезбедува финансиски средства во староста
- Ни служи како финансиска поддршка кога, на пример, сме трајно или делумно неспособни за работа поради инвалидитет
- ни нуди можност да ја префрлиме пензијата на членовите на семејството доколку умреме
За да се добие редовна пензија во Германија, треба да се наполни 67 години. Aко сте родени пред 1964 година, тогаш мора да имате 65 години
Колку години се потребни за пензија во Германија?
Според правилата во Германија за право на пензија се потребни минимум 5 години стаж. Ова се однесува само на граѓаните од земји кои не се членки на ЕУ.
Еве колкава пензија би имале ако пет години сте работеле во Германија
Луѓето кои целиот свој живот биле невработени и не уплаќале во пензискиот фонд, немаат право на пензија. Сепак, овие луѓе можат да аплицираат за основно осигурување. Со ова се поддржуваат лицата кои никогаш не платиле придонеси за пензиско осигурување, а се финансираат од даночни пари. За домаќинките кои се грижеле за воспитувањето на децата и домаќинството, а поради тоа никогаш не работеле редовно, покрај основното осигурување има дополнителна поддршка.
Колкав е износот на основното осигурување?
Висината на основното осигурување зависи од приходите и имотот. Во пресметката се земаат предвид и средствата на брачниот другар. Возрасните самци добиваат најмалку 502 евра, паровите имаат право на 451 евро по партнер.
Затоа, препорачливо е уште на млади години да размислите дали ќе имате доволно пари во староста. Ако не, сè уште е можно да добиете работа со скратено работно време, но тогаш треба да го земете предвид дополнителниот лимит на приход. Инаку, пензионерите можат да аплицираат за разни грантови, а формиран е и фонд за помош кој под одредени услови може да обезбеди и до 5.000 евра. Во секој случај, важно е даночна пријава да поднесат и пензионерите, бидејќи во спротивно би можеле да добијат казни.
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико
Повеќе за пензијата во Германија можете да прочитате ТУКА