Киријата по квадратен метар во Германија во 2022 година во просек изнесувала 7,28 евра, покажуваат прелиминарните резултати од пописот на населението претставени во вторникот во Берлин, пренесува германската новинска агенција (dpa).
Резултатите се базирани на анкета на сопственици на згради и станови и не се однесуваат на бараните кирии. Во износите не се вклучени трошоците за греење.
Најевтини биле становите во Саксонија-Анхалт со просечна цена од 5,38 евра месечно за метар квадратен. Најскапи се во Хамбург со 9,16 евра, потоа Баварија со 8,74 евра, Хесе со 8,21 и Баден-Виртемберг со 8,13 евра за метар квадратен.
Вкупниот број на станови на денот на истражувањето изнесува 43,1 милиони, што е зголемување за околу 2,5 милиони во однос на пописот од 2011 година. Во истиот период просечната површина на станот била поголема за околу три метри квадратни, односно 94.
Три четвртини од сите станови се греат на гас или масло за греење.
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.