Моментално во Германија владее негативна клима. Една од главните причини за тоа, покрај падот на индустријата, е и големото понижување на работниците.
Тие, луѓето кои работат едноставно се борат да ги постигнат своите обврски, а од друга страна „неработниците“ живеат добар живот, а имаат исто колку и оние што работат.
Германската политика поттикнува на неработење. Сите кои работат плаќаат данок и се останато, за да оние кои не работат да ги добијат тие пари.
Додека некои луѓе од Македонија и Балканот воопшто се трудат со сите сили да дојдат и да работат во Германија, чекаат визи со години, учат јазик, имаат образование, други некои од „оние“ земји можат да дојдат без проблем, без јазик и без ништо, а покрај тоа претставуваат голема опасност и страв помеѓу населението во Германија.
Луѓето гледаат дека можат и го искористуваат системот. А пак, од друга страна, и нас никој не не тера да работиме на сила. Но нас не ни дозволува нашето воспитување и нашиот менталитет.
Германија се движи надолу. До кога ќе трае тоа незнам, но сигурно нема за брзо да се заврши. Социјалната држава замина во крајност.
Што мислите вие за сето ова?
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.