Заминал во Германија, па со себе повлекол 310 лица: Не зема ни цент, а држи бесплатни часови по германски

Се поголем е бројот на работоспособното население кое својата иднина се одлучува да ја гради во западните европски земји.

Уште поголеми се шансите за заминување кога барем еден член од потесното или поширокото семејство ќе замине, па ќе ги повлече и останатите со него.

Но, освен фамилијата, некои луѓе доброволно им помагаат и на непознати кои сакаат да си ја пробаат среќата во странство. Еден од нив е младиот Ермин Омановиќ од Бугојно.

Тој заминал во Германија во 2016 година, првично со цел образование, а потоа вработување. Тој ги постигнал своите цели, а сега им помага на другите граѓани на БиХ кои имаат цел да продолжат по неговиот пат.

Досега им овозможи на 310 граѓани на БиХ да си ја пронајдат среќата во Германија. Во последниве месеци понуди и бесплатни услуги за учење германски јазик.

– Прво почнав во Германија со студирање, а потоа посетував семинари за менаџмент. Сето тоа го завршив и потоа почнав да носам луѓе, а тоа започна во 2019 година.

Работев во државни фирми како Каритас, а случајно мојот колега работеше во Агила 24. Ме замолија да донесам медицински персонал, кој секако имаше подобри услови.

Не гледав исклучиво само за мене. Им донесов 310 луѓе, а 60 луѓе се подготвуваат да дојдат овде, изјави Омановиќ за „Дневни аваз“. Вели дека за услугата од никого не зел ни цент, туку работи само за својата плата.

– Тоа не е фирма која продава медицински персонал во Германија. Не продавам луѓе, не сме агенција. Не можев да најдам работа во БиХ, политиката е таква каква што е.

Се школував во БиХ, не можев да успеам, дојдов во Германија и фала богу се остварив. Ништо од ова немаше да биде возможно без директорката Серпил Јорукоглу, рече Омановиќ.

Како што рече, работи за покраината Баден-Виртемберг, со седиште во Штутгарт, а на неговиот Фејсбук профил често објавува подетални информации во врска со пријавувањето кај него.

– Моите родители се во Бугојно, а брат ми е во Германија и тој ми помага во оваа работа, како и Адис Пилиќ, изјави Омановиќ.

Извор: кластер.мк

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија