10 најчести работни места за почетници во Германија

Доаѓањето во Германија значи огромна промена. Промена во местото на живеење, животната средина, климата – но честопати ова значи и драстична промена во работата и кариерата.

Kои се најчестите почетни работни места во Германија? Кои работни места не е тешко да се најдат и кои позитивни и кои негативни аспекти можете да ги очекувате од нив?

Работа на градилишта, помошни работни места и квалификувани работни места

Што е добро?

  • Брзо и лесно е да се најде – секој знае некој што работи на „бауштела” и работата е договорена од дома.
  • Често може да се добие сместување „во пакет“.
  • Се плаќа подобро од другите почетни работни места. Особено ако сте подготвени да работите напорно.
  • Често имате на располагање автомобил од фирмата.
  • Долги паузи во текот на зимата.

Што е лошо?

  • Долго работно време, честопати се работи и сабота. Не остава време и енергија за курсеви, како што е германски јазик.
  • Соработниците се главно „ауслендери”, нема да научите германски јазик толку брзо и проширувањето на кругот на познаници не е лесно.
  • Не дава можност за напредување.
  • Често опасна работа.
  • Со сместувањето сте врзани за работодавецот.
  • Овие зимски одмори се бесплатни, но технички не работите, т.е. нема работен стаж за тоа време.

Работа во ресторани за брза храна, Мекдоналдс, Бургер Кинг

Што е добро?

  • Работата се наоѓа брзо.
  • Разновидни колеги – погодно за учење јазици и проширување на кругот на познаници, особено ако контактирате со клиенти.
  • Редовно работно време – поволно за планирање курсеви и други активности.
  • Можност за напредување.
  • Храна (топол оброк) обично е вклучена.

Што не е во ред?

  • Многу ниско платени, стандардизирани работни места.
  • Како работник сте навикнати на максимум.
  • Несигурна работа со честа флуктуација на вработените.
  • Работно време во смени.

Работа во „наши“ ресторани, кујни, како „Spüler”, келнер, итн.

Што е добро?

  • Слично како на градилиште, работата се наоѓа брзо, дури и од дома.
  • Сместувањето е често вклучено.
  • Можност да научите и да напредувате за друга работа во гастрономијата.
  • Најчесто е вклучена храна (топол оброк).

Што не е во ред?

  • Слабо платена.
  • Со сместувањето сте врзани за работодавецот.
  • Сите вработени се наши – не е најдоброто опкружување за учење јазик.
  • Работното време е обично двократно.
  • Не остава време за други активности, курс по германски јазик итн.

Работа во фирми за чистење

Што е добро?

  • Работата се наоѓа брзо.
  • Разновиден опис на работата.
  • Можност за работа и разговор со клиенти.
  • Често рутинска, независна работа.
  • Флексибилно работно време.

Што не е во ред?

  • Вие работите сами или колегите се претежно странци. Нема да научите германски јазик толку брзо.
  • Платата е мала.
  • Може да биде физички напорно.
  • Работа со опасни хемикалии.


Работа во хотели како собарка или чистачка

Што е добро?

  • Работа за германска или интернационална компанија.
  • Разновидни колеги и „чувството“ на голема компанија.
  • Преку контакт со меѓународни и германски гости може да се научи јазикот.
  • Можност за сместување.
  • Планирано работно време.

Што не е во ред?

  • Повторувачки, стандардизирани работни места.
  • Работа во смени, секој ден од годината.
  • Најчесто многу мала плата.

Помошни работници во фабрики „Anlernkraft”

Што е добро?

  • Работни места во германската индустрија, најмногу во јаки компании со традиција како MAN, BMW…
  • Планиран работен ден.
  • Разновидна средина, одлична за учење јазици и „занаети“.
  • Можност за докажување и унапредување.
  • Кантина.

Што не е во ред?

  • Работа во смени.
  • Непривлечни работни места – го работите она што другите не сакаат.
  • Честопати надвор од градот, затоа мора да се патува на работа.
  • Ниски почетни плати.
  • Најчесто „subunternehmen“ (подизведувачи).

Помошни работници во магацин, „Lagerhelfer

Што е добро?

  • Работни места може да се најдат брзо, особено ако имате искуство, возите виљушкар итн.
  • Плата подобро од другите почетни работни места.
  • Можност за школување.

Што не е во ред?

  • Физички напорна работа.
  • Работа во смени.
  • Ризик од повреда при работа.

Работа преку „Zeitarbeit“ или „Arbeitnehmerüberlassung

Што е добро?

  • Ако сте физички во добра форма многу е лесно да се вработите,
  • Можност за работа и стекнување искуство во големи компании.
  • Не дава можност за школување и специјализација затоа што секогаш правите нешто друго
  • Ве третираат како „ресурс“, а не како личност

Асистенти негователи (Präsenzkaft) – во дом за стари лица

Што е добро?

  • Дефицарна професија и зголемена побарувачка за вработување
  • Не е потребна завршена медицинска обука
  • Добри шанси за учење и напредок,
  • Можност за полесно сместување

Што не е во ред?

  • Малку потешко да се најде
  • Физички и ментален стрес
  • Работа во смени, секој ден од годината
  • Грижата за другите не е за секого

Доставувачи на пакети

Што е добро?

  • Работните места лесно се наоѓаат, особено пред Божиќ
  • Самостојна работа
  • Во зависност од местото на работа и рутата, може да биде и лежерна, рутинска работа
  • Ако не работите за подизведувач често сте дел од големи компании кои редовно ги подобруваат работничките права (DHL)

Што не е во ред?

  • Потребна е возачка дозвола и знаење за управување со комбе
  • Многу стресно, во зависност од денот и рутата
  • Повторувачка активност, правејќи нешто слично секој ден
  • Многу работа, особено пред празниците
  • Платата е лоша во однос на работата и одговорноста
  • Претежно сте сами и немате со кого да зборувате германски

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија