Шведска дозволи промена на полот уште со 16 години

Шведскиот парламент денес изгласа закон со кој старосната граница за промена на полот се намалува од 18 на 16 години.

На помладите од 18 години за промена на полот ќе им биде потребно одобрување од старател, лекар или Националниот одбор за здравје и социјална заштита.

Оние кои сакаат на операција за промена на полот, повеќе нема да мора да имаат дијагноза за „родова дисфорија“, која експертите ја опишуваат како „стрес на лице чиј пол не одговара со нивниот родов идентитет“.

Шведска денес се придружи на бројни земји со слични закони, меѓу кои Данска, Норвешка, Финска и Шпанија.

По дебатата која траеше речиси шест часа, за законот гласаа 234 пратеници, против беа 94, а 21 беа отсутни.

На усвојувањето на законот се противеше партијата Шведски демократи со крајно десничарски корени, која ја поддржува владата во парламентот но не е дел од нејзината коалиција.

Лидерот на Шведските демократи Џими Акесон им кажа на новинарите дека е „жално што тала лесно е изгласан предлог кој очигледно нема поддршка од населението“.

Од друга страна, претставникот на Умерената партија Јохан Хултберг, од која доаѓа конзервативниот премиер Улф Кристерсон, го поздрави резултатот од гласањето, кажувајќи дека тоа е „внимателна но важна реформа за ранливата група“.

Коалицијата на Кристерсон од десниот центар беше поделена по тоа прашање – Умерената партија и Либералите главно го поддржуваа донесувањето на тој закон, додека малата партија Христијански демократи беше против.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија