„Сејф сити“ веќе ги казнува и странските возачи: На Табановце редици за плаќање сообраќајни казни

Системот „Сејф сити“ повеќе не е проблем само за возачите со македонски регистарски таблички. На граничниот премин Табановце веќе се појавуваат странски возачи кои пред да продолжат со патувањето треба да ги подмират казните за сообраќајни прекршоци регистрирани од камерите.

Според информациите што ги пренесува „Експрес“, на преминот се создаваат и редици од возачи од странство кои имаат неплатени казни евидентирани преку системот.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски претходно најави дека правилата ќе важат за сите. Камерите го регистрираат прекршокот без оглед дали автомобилот има македонски или странски регистарски таблички, а според најавите, нема да има исклучоци врз основа на тоа од која држава доаѓа возачот.

Прочитајте: Што никој не кажува за работата во Германија ?

Кога системот беше воведен на почетокот на годината, беше објаснето дека странските возила со неплатени казни нема автоматски да бидат задржувани при напуштање на Македонија. Наместо тоа, возачот требаше да добие официјално известување дека, доколку не ја плати казната, нема да може повторно да влезе во земјата.

Сегашната ситуација на Табановце покажува дека санкциите од „Сејф сити“ веќе имаат практични последици и за оние што во Македонија влегуваат со странски регистарски таблички.

Што мислите – дали „Сејф сити“ треба подеднакво да важи за домашните и за странските возачи?

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија