Студентите масовно заминуваат на сезонска работа во Германија

Додека угостителските компании и хотелските услуги се соочуваат со недостиг на работна сила и бараат да увезуваат странски работници, Јетмири, студент во трета година по психологија, веќе аплицирал во една од агенциите за сезонска работа во Германија.

Ова е трет пат што Јетмир работи во странство по завршувањето на испитната сезона. Со приходите што ги остварува 3 месеци таму вели дека се доволни за да ги покрие трошоците за студирање една година овде.

„Изминатите две години бев во Германија. Постои и можност за САД, но мене повеќе ме привлекува Германија затоа што е поблиску, со помала популација и ми изгледа побезбедна. Главната причина е финансиска, но исто така важен фактор е искуството што го имаат студентите таму, работејќи и живејќи три месеци подалеку од своите семејства“, рече Јетмир Муса, студент.
Работните места што им се нудат на студентите најчесто се во компании за брза храна, додека потешкотиите со кои се соочуваат студентите таму, според Јетмир, е дисциплината на работните места.

„За Германците можам да кажам дека како народ го имаат тој стереотип дека се концизни, прецизни имаат многу дисциплина, за разлика од нас. Во однос на тоа како работодавците се однесуваат со нас, има многу ретки случаи кога можеби сме направиле грешка и сме погрубо потсетувани дека сме погрешиле“, додаде тој.

Од агенциите за посредување велат дека годинава интересот за аплицирање од страна на студентите почнал многу порано од лани и сега капацитетите се пополнети, додека причината што студентите избираат да работат во странство е главно финансиска.

Во повеќето случаи, на студентите кои работат во Германија им се нуди работа во гастрономијата, но и работа во хотелската индустрија. Само преку оваа агенција за посредување, повеќе од 1000 студенти кои се пријавиле чекаат да заминат во Германија.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија