Резултати од лотаријата за иселенички визи за САД

САД секоја година организираат лотарија преку која заинтересираните кандидати од целиот свет, имаат можност да добијат иселеничка виза. Доколку сте аплицирале за Зелена карта во ноември минатата година, од денес можете да проверите дали сте извлечени.
Од пред неколку часа, резултатите се објавени на официјалниот сајт и можете да ги проверите на следниот линк. Имајте предвид дека во моментов сајтот е преоптеретен заради големиот број посетители. Откако ќе се вклучите, само внесете го вашиот регистарски број и проверете дали сте избрани.

Ви посакуваме многу среќа!

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија