Како да најдете работа во Германија 2024 година

Не е тешко да се најде работа во Германија, во основа ја има на секој ќош. Меѓутоа тешко е да се најде добра работа во Германија. Сепак, постојат начини да се издвоите од толпата и да оставите добар впечаток кај вашиот иден работодавец. Во овој текст ќе ви ги опишам најважните чекори за вас кои барате работа во Германија.

Што ви е потребно за работа во Германија?
Откако ќе го направите вашето CV, подготвени сте да започнете да барате работа. За да се најде работа во Германија најчесто се користи интернет, весници, фејсбук групи, познаници или цајтфирма.

Исто така можете да појдете директно во фирма – не е лоша идеја бидејќи на тој начин покажувате дека навистина ви треба работа и дека веднаш им стоите на располагање. Бидејќи не го знаете добро јазикот, веројатно некој ќе мора да оди со вас неколку пати. Првиот пат да договорите интервју и вториот пат кога разговарате со работодавецот.

Работа во Германија без познавање на јазикот
Да, тоа е исто така можно, но овие работни места честопати се помалку платени. Но, многу од нашите луѓе, особено малку постарите, прифаќаат такви работи бидејќи немаат време да го научат јазикот. Доколку сте со виза за Западен Балкан исто така не е обавезно познавање на германски јазик.

За сите други визи потребно е одредено ниво на познавање на јазикот, односно сертификат.

Без познавање на јазикот, најчесто можете да работите кај наши луѓе од просторите на поранешна Југославија.

Такви работни места се:

  • Испорака на пакети – нашите луѓе кои имаат договор со DHL, DPD, Hermes, Amazon прифаќаат работници од Балканот и не бараат познавање на јазикот. Всушност, овде не е потребно познавање на јазикот, освен десетина реченици кои постојано се користат во контакт со клиентите.
  • Работа во кујна – миење садови, помагање во кујна, доставување храна. Ова се исто така работни места за кои е потребно малку или никакво познавање на јазикот. Работодавците често се Мекдоналдс. БургерКинг, балкански ресторани и слично
  • Физички работници – работата на градилиште е вообичаен избор за луѓе кои се слаби со јазикот.
  • Возачи – многу возачи на камиони од нашите простори почнаа без познавање на јазикот. Со текот на времето почнаа да го совладуваат и така секој ден станува полесно.
  • Негуватели – многумина од нас започнаа како негуватели или помошници во домовите за стари лица.

Работа во Германија со Македонски пасош

За работа во Германија со МК пасош ви е потребна виза. Постојат неколку видови на визи:

Виза за Западен Балкан

Овие визи почнаа да се издаваат во 2015 година и досега преку оваа виза работа нашле повеќе од 100.000 работници. Меѓутоа, поради големиот интерес и се поголемиот број на апликации германската амбасада во Македонија одлучи да воведе нов метод – по принципот на извлекување или лотарија.

Поради големиот интерес за закажување термини за поднесување барање, кој далеку го надминува бројот на расположливи термини, од декември 2021 година, термините ќе се доделуваат секој месец со ждрепка (по принципот на лотарија).

Виза за квалификувани работници

Оваа виза се издава од март 2020 година и требаше да го олесни пристигнувањето во Германија за лицата со занаети, средно или високо образование и лица со универзитетско образование. Така и на сите што имаат некое специфични знаење, односно професионалци во својата работа. Визата за квалификувани работници стана побрз начин за добивање виза за граѓани кои не се членки на ЕУ. Во секој случај побрзо од виза за Западен Балкан.

Оваа виза се добива релативно брзо, но има едно големо НО кое го пролонгира процесот на добивање на самата виза. Имено, ви треба:

  • Сертификат за јазик, нивото зависи од работното место, на пример, на готвачите им треба А1, на воспитувачите Б2
  • Признаена диплома (Anerkennung)
  • Договор за вработување – односно работодавач кој ви гарантира работа по пристигнувањето во Германија

Виза за Аусбилдунг (виза за професионално образование)

И оваа виза се добива брзо, секако треба да исполните одредени услови:

  • Тековен договор за стручно образование со минимална плата од 939,00 евра бруто во првата година на стручно образование. Ако вашата плата е помала од 939,00 евра бруто, мора да приложите најмалку гарантно писмо (со „докажана кредитна способност) / Verpflichtungserklärung mit „nachgewiesener Bonität“) или доказ за банкарска сметка со ограничено право на располагање (Sperrkonto). Доколку сместувањето или оброците се обезбедуваат бесплатно, тоа треба да го поткрепите со докази.
  • Претходна согласност од Федералната агенција за труд (што треба да ја добие работодавачот) ИЛИ формуларот „Декларација за вработување“ / „Erklärung zum Beschäftigungsverhältnis“ (достапен на веб-страницата на Федералната агенција за труд што треба да го пополни работодавачот).
  • Училишен договор или потврда за упис во стручно училиште.
  • Доказ за познавање на германски јазик на ниво Б1 за стручно образование од сите области.
  • биографија/CV и мотивационо писмо (и двете на германски)

Виза за ИТ професионалци БЕЗ диплома

За да ја добиете оваа виза ви треба:

  • Договор за вработување со плата од најмалку 4.260 евра бруто месечно.
  • Доказ за соодветно искуство во областа на ИТ – во овој случај, треба да докажете дека имате најмалку три години работно искуство стекнато во текот на претходните седум години во областа на информатичката и комуникациската технологија.
  • Доказ за стекнати квалификации, на пр. сертификати, семинари.
  • Доказ за доволно познавање на германски јазик, тоа значи на ниво Б1 ИЛИ доказ дека познавање на германски јазик не е потребно за вашето работно место.
  • Формулар за претходна согласност од Федералната агенција за труд (што треба да ја набави работодавачот)
  • „Декларација за вработување“ / „Erklärung zum Beschäftigungsverhältnis“ (достапна на веб-страницата на Федералната агенција за труд и ја пополнува работодавачот).

Работа во Германија преку агенција (Zeitfirma)

Токму поради слабите јазични вештини, многу наши работници бараат работа преку Цајтфирма. Ваквите фирми потпишуваат договор со вас и ве праќаат во фабрики, фарми, градежни фирми и слично. Важно е да знаете дека работите за Zeitfirma, а не за BMW, на пример, каде што ве испратила вашата компанија.

Цајтфирмите имаат лоша репутација и многу работници се жалат на следново:

  • ниски плати – т.е. Zeitfirma-та зема процент за себе
  • лоша комуникација помеѓу Zeitfirma-та и работниците
  • Неповолни договори со Zeitfirma-та

Сепак, овие фирми имаат договори со силни работодавци како BMW, Audi, Bosch, Miele итн. Често тие нудат и сместување. На крајот од девет месеци работа во фирма, таа фирма по закон треба да го купи работникот од агенцијата и директно да го вработи.

Работа во Германија без ЕУ пасош и документи

За жал, тоа не е можно. Без ЕУ документи можете да останете во Германија 90 дена, а потоа треба да ја напуштите државата, односно ЕУ. Не се препорачува работа на црно бидејќи казните се високи и може да ви биде забранет влез во земјата откако ќе бидете фатени.

Подобро одете на една од визите понудени во германската амбасадa.

Огласи за работа во Германија во весници

Секој град, па дури и помалите градови во Германија имаат свој дневен или неделен печат. Посебен додаток, односно огласи, најчесто се објавува во сабота и среда, а таму се кријат голем број огласи за вработување. Пробајте, можеби ќе најдете добра работа.

Има и бесплатни весници кои се дистрибуираат во недела и понеделник, со огласи за вработување.

Огласи на групи на Фејсбук

Постојат голем број на Фејсбук групи каде членовите објавуваат огласи за работа во Германија. Тука треба да бидете внимателни бидејќи овие реклами не се 100% безбедни. Има многу лажни профили и има случаи кога луѓето биле измамени, односно би договориле работа и отишле во Германија, за да завршат сами на автобуската станица.

Интернет страници за барање работа во Германија

1. Jobbörse – Bundesagentur für Arbeit

Официјалната веб-страница на германската агенција за вработување. Таму имате над милион огласи за работа и можам да кажам со 99% сигурност дека сите се легални огласи. Таму работници бараат фирми кои се „чисти пред законот“ и кои исплаќаат плата и работно време пропишани со закон.

Треба да ја напишете работата што ја барате и градот каде што барате работа. Дополнително, можете да изберете дали сакате да работите со полно или со скратено работно време.Имате пример за тоа како изгледа на сликата подолу:

2. MONSTER пребарувач за работа

Еден од првите и најдобри пребарувачи за работа во светот, основан во 1994 година во САД. Веб-страницата постои во над 40 земји и нуди не само широк избор на огласи за работа, туку и совети за кариера.

Како и кај сите пребарувачи, корисниците имаат различни начини за филтрирање на резултатите, на пример по регион, назив на работно место или тип на договор. Исто така, постои апликација што можете да ја преземете бесплатно.

3. StepStone пребарувач

Широкиот опсег на работни места нуди многу работни места од различни сектори и региони. Многу добри реклами во одредена индустрија или гранка низ цела Германија (или во странство).

Како и кај другите пребарувачи, овде можете да ја зачувате вашата биографија на страницата и да ја испраќате секогаш кога ќе аплицирате за работа.

4. XING

XING е многу добар пребарувач, пред се за оние кои бараат работа во професии како што се ИТ индустријата и слично. Не го препорачувам за работи како градежништво, шпедиција и слично, бидејќи ова не е пребарувач за такви работни места.

5. LinkedIn

LinkedIn не е класичен пазар на труд. Иако може да најде работа, но тоа е можно само за членовите. Секој кој е веќе дел од мрежата може да има профил таму и да ја бара својата работа од соништата и директно да контактира со работодавецот преку LinkedIn.

6. Ebay Kleinanzeigen – огласи

Одлична страница за пребарување на било што, вклучително и работни места. Тој е многу популарен пребарувач во Германија и е лесен за користење. Таму можете да изберете голем број категории за пребарување, од автомобили, работни места, станови…

Исто така тука можете да прочитате:
Како да најдете работа во Германија
Како да најдете работа во Германија – Втор дел

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија