Во кои држави во светот животот е најскап?

Според истражувањата направени во периодот од јули 2013 до јануари 2015, Movehub направи листа на држави во кои животот е најскап. Врз основа на висина на платите и просечните трошоци за живот, Movehub изработи мапа на која графички ги прикажа државите. Според оваа мапа, земјите од Западна Европа се меѓу најскапите места за живеење. Трошоците за живот во Швајцарија е најголеми, но тука некаде е и Норвешка која е позната по многуте даноци.
o-WORLD-900

o-EUROPE-900
Movehub ги изработи овие мапи користејќи ги податоците од Numbeo, веб-сајт кој прави споредба на цените на стоките за широка потрошувачка од целиот свет.

Листата на петнаесетте земји со највисоки трошоците на живот изгледа вака:

  1. Швајцарија
  2. Норвешка
  3. Венецуела
  4. Исланд
  5. Данска
  6. Австралија
  7. Нов Зеланд
  8. Сингапур
  9. Кувајт
  10. Велика Британија
  11. Ирска
  12. Луксембург
  13. Финска
  14. Франција
  15. Белгија

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија