Се намалува бројот на странски работници во Словенија

Кризата во Словенија доведе до пад на бројот на вработените странци со работни дозволи, а нивниот број денеска е пет пати помал отколку во 2008 година. Уште во 2008 година, пред кризата која ги погоди градежната и металната индустрија, во кои има најмногу странски работници, во Словенија биле издадени речиси 89.000 работни дозволи за странци, а минатата година дури 18.000 помалку, покажале податоците на Министерството за труд и социјална работа.

Меѓу вработените странци, во Словенија најбројни се граѓаните од поранешните југословенски републики. За работа во Словенија во 2004 година државата воведе квоти, а надвор од нив не се издаваат дозволи, па затоа бројот на странски работници во годините се намалува. Во 2011 година, дојде до затворање на пазарот на труд, поради зголемување на бројот на невработени Словенци, па беше воведено правилото дека странец не можа да биде вработен, ако на берзата на трудот е пријавен домашен работник со истиот профил и квалификации.

Словенечката влада подготвува нов закон за вработување и работа на странци, чија намера е да се олесни добивањето на работна дозвола и дозвола за престој на странци кои влегуваат на словенечкиот пазар на труд. Новиот закон би требало да воведе единствена дозвола за престој и работа, додека таа посапка досега беше одвоена.

Владата најави и строги мерки на контрола на домашните компании, кои не го почитуваат законот за вработување на странци и често истите ги вработуваат на црно и без да им плаќаат придонеси, за што се заложуваат и словенечките синдикати.

Извор: Лидер

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија