Куќен ред во Германија. Колкави се казните ако го прекршите?

Кога станува збор за животот во Германија, „времето за одмор“ или „Ruhezeit“ е многу важно. Што е Ruhezeit?

Сите сакаме да се опуштиме дома. Но, понекогаш е невозможно да се избегне бучава од градежни работи или косилката за трева на соседот.

За да се осигура дека никој не мора да трпи постојана бучава во секое време од денот, во Германија има законски попладневен одмор или Ruhezeit.

Но, кога е време за одмор и што всушност значи тоа?

Всушност, секоја држава и општина може да си го одреди времето за одмор. Сопственикот кој ви го издава станот може исто така да напише свои правила за Ruhezeit во куќниот ред или Hausordnung. Можете да дознаете кој конкретно се однесува на вашата област со контактирање на вашата локална власт, соодветната канцеларија за јавен ред или ако ги има во вашиот договор за закуп.

Обично „тишината“ започнува во 22 часот и завршува во 6 или 7 часот наутро. Неделите и државните празници исто така се сметаат за „мирни“ денови.

Во сабота нема посебни периоди за одмор, бидејќи сабота обично се смета за работен ден – освен ако тој ден не е државен празник.

Дали има периоди за одмор во средината на работен ден?

Попладневниот одмор не е регулиран низ целата земја. Порано беше почесто, но неколку држави веќе немаат фиксно правило за тоа.

На пример, германската покраина Хесен имаше законски пропишана попладневна пауза помеѓу 13 и 15 часот, но ја укина на почетокот на 2000-тите.

Вообичаено, општините се тие кои ги одредуваат периодите за одмор во текот на денот. На пример, во германските бањски градови (Kurorts – природни бањи, кал и солена вода) генерално има пладневна пауза од 12 или 13 до 15 часот.

Но, бидете внимателни: дури и ако вашата покраина или локална власт нема закон, периодите за одмор за време на ручекот може да бидат пропишани со куќните правила.

Што ви е дозволено да правите во тоа време?

Во овие периоди не смеете да правите прекумерна бучава. Но тоа не значи дека не треба да правите работи што може да се слушнат надвор од вашиот дом.

Еве неколку активности што треба да ги избегнувате бидејќи може да ви го доведат пред врата намуртениот сосед или дури и да поднесе жалба кај вашиот сопственик или да дојди службеник од Канцеларијата за јавен ред и мир (Ordnungsamt).

  • Вклучување на машината за перење
  • Правосмукалка
  • Пуштање гласна музика
  • Пеење / свирење на музички инструменти
  • Косење трева
  • Дупчење, удирање со чекан или друга гласна работа „направи сам“.
  • Викање или зборување гласно
  • Рециклирање стаклени шишиња

Ако имате потреба да работите во градина за време на празниците, треба да се ограничите на тивки активности како што се наводнување растенија, гриблање или садење.

Што ќе се случи ако правам забава?

Ако живеете во станбена зграда и сакате да организирате забава, најдобро е да залепите натпис за да ги известите вашите соседи.

Треба да наведете дека можат да дојдат кај вас и да ве известат ако станува премногу гласно – а можете дури и да ги поканите на забава.

Сепак, имајте на ум дека вашите соседи го задржуваат правото да дојдат и да ви кажат да прекинете ако сте премногу гласни. Тие исто така можат да се пожалат кај сопственикот на вашиот стан.

Што ќе се случи ако сум многу бучен?

Ако не ги следите правилата, може да се соочите со изнервиран сосед, посета на полицијата, парична казна, писмо од сопственикот на станот, па дури и иселување од станот.

Ако тоа случи еднаш, како забава во доцните часови, полицијата може да се појави на вашата врата и да ве замоли да ја запрете вревата. Ако не ги почитувате правилата, полицијата може да ви ја одземе музичката опрема или да им каже на гостите да си заминат. И во двата случаи ќе бидете казнети за нарушување на јавниот мир. Теоретски, може да се соочите со казна и до неколку илјади евра, но тоа се обично трицифрени бројки за еден прекршок.

Ако редовно го прекршувате периодот за одмор, на пример, со гласно пуштање музика во недела или со гласна расправија во вашиот стан, соседите би можеле да го контактираат вашиот сопственик.

Сопственикот може да ве предупреди дека го нарушувате мирот, па дури и може да го раскине договорот за изнајмување ако продолжите да правите врева во времето за одмор.

Што ако сум нов во Германија и не сум запознаен со правилата?

Тоа не е изговор: мора да се придржувате до овие правила.

Бидете отворени и искрени со соседите и обидете се да продолжите со добрата комуникација. Ако имате добрососедски односи, можете да се обратите кај нив ако има проблеми со бучавата, а исто и тие со вас.

На тој начин можете да се обидете да решите се без да го вклучите сопственикот или полицијата.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија