ВАЖНО: од јуни со договор од работодавец добивате термин за германска виза во рок од 2 недели

Во 2018 година беше воведена лотаријата како систем за доделување на термини за аплицирање за германска виза. Оваа година во мај е крајот на тој систем. Во мај оваа година ќе се доделат последните термини за лотаријата за месец Јуни.

Од Јули, контигентот на работници кои смеат да дојдат во Германија според правилото Западен Балкан, се зголемува на 50 000 работници годишно.

Олеснувањето е тоа што од Јуни ви треба само работодавец кој треба да направи за вас „vorabzustimmung“, тоа е согласност на заводот за вработување дека за таа работа на германскиот пазар нема доволно работници и е дозволено да се увезат странски работници.

Vorabzustimmung е формулар од 6 страници кој се праќа во заводот за вработување од страна на вашиот работодавец.

Во истиот момент кога работодавецот ќе добие vorabzustimmung вие ја контактирате германската амбасада и наскоро добивате термин.

Тие термини се даваат многу брзо односно термин добивате за 2 до 3 недели.

Ова е едно од најголемите олеснувања за добивање на германска работна виза која доаѓа од Јуни оваа година.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија