Што применуваат германските родители за нивните деца да пораснат во среќни и стабилни луѓе

Американката Сара Заске со години живее во Германија со сопругот и децата и решила да напише книга за своето искуство во одгледувањето деца во оваа европска земја. Во неа таа претстави неколку важни карактеристики поврзани со германските родители, а поради кои нивните деца растат во посреќни и постабилни луѓе. Ова се некои од нив:

На петгодишни деца им е дозволено да експериментираат со кибритчиња

Германците негуваат чувство на одговорност кај децата уште од рана возраст, на пример, дозволувајќи им на петгодишните деца да користат кибрит под надзор. Кој од нас би му го дозволил тоа на детето?

Возење велосипед до училиште

Уште од деветгодишна возраст децата во Германија одат со велосипед до училиште, што им дава чувство на гордост и самодоверба. Глетката на ученик на велосипед не е толку вообичаена на овие простори, повеќето родители денес најчесто ги возат своите деца во автомобил.

Не им се непознати прашањата за репродукцијата

Во Германија децата порано се запознаваат со прашањата за репродукција. На пример, веќе на 7 години знаат од каде доаѓаат бебињата. Се разбира, тоа им е објаснето на соодветен начин.

Дозволено им е сами да готват

Германците ги вклучуваат децата во готвењето и им дозволуваат да користат вистински ножеви под надзор, што им помага на децата да се запознаат со работата и со обврските.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија