Како Германците штедат гориво: 6 трикови што повторно стануваат хит

Екстремно високите цени на горивата ги тераат возачите повторно да ги преиспитаат своите навики при возење:
Многумина сакаат да знаат како да возат поекономично. Еве преглед на најважните совети.

Советниците за потрошувачи, инструкторите по возење и автомобилските експерти повторно се многу барани: поради високите цени на горивата, нивното знаење за техники за штедење гориво е поважно од кога било.

Нивните совети веројатно ќе им звучат познато на постарите возачи.

По нафтената криза во 1974 година, автошколите со години предавале таканаречено „предвидливо возење“. Подоцна, кога менувачите станале поиздржливи, а моторите помоќни, во наставата била додадена и „возење со ниски обртаи“.

Прочитајте: Во Германија земам 1.800€, а само за стан давам 900€ – суровата реалност на гастарбајтерите

Многу од тоа што се учело тогаш е актуелно и денес, иако некои работи се промениле.

Совет 1: Исклучувајте го моторот

Центарот за заштита на потрошувачи Schleswig-Holstein препорачува рачно гасење и палење на моторот на семафор.

Ако чекате подолго и немате start/stop систем, сами изгасете го моторот и повторно стартувајте кога ќе се запали жолтото светло, идеално без силно притискање на гаста.

Пред педесет години тоа не било можно бидејќи моторите реагирале премногу бавно.

Еден германски автомобилски клуб советува моторот да се исклучува веднаш штом мирувањето надмине 20 секунди – и нагласува дека тоа е задолжително дури и на железнички премини.

Совет 2: Последните метри возете без гас

Возачите со рачен менувач можат да возат многу поекономично отколку што тоа денес најчесто се прави, а притоа и да ги штедат сопирачките.

Секое кочење троши енергија, а со тоа и гориво.

Ако се прилагодите на сообраќајот, држите растојание и однапред гледате дека неколку автомобили пред вас кочат, можете да ја тргнете ногата од гаста и да дозволите автомобилот сам да се движи.

Често ќе можете да продолжите без воопшто да кочите.

На регионални патишта исто така е паметно да ја пуштите гаста пред влез во населено место и да дозволите автомобилот сам да „лизга“ последните стотици метри.

Совет 3: Одржувајте константна брзина

Уште еден дел од предвидливото возење е штедењето гориво преку „одржување постојана брзина, прилагодена на текот на сообраќајот“, како што објаснува ADAC.

Постојаното забрзување и потоа кочење непотребно троши гориво.

При вклучување на автопат правилото е да не забрзувате бавно, туку брзо да достигнете соодветна брзина, да префрлите брзина и потоа да одржувате рамномерно темпо.

Совет 4: Ниски обртаи на моторот

Колку се пониски вртежите на современиот мотор, толку помалку гориво троши.

Денешните менувачи овозможуваат возење со ниски обртаи.

Оние кои избегнуваат агресивни забрзувања во градски услови лесно можат да стигнат до дестинацијата во четврта или петта брзина.

Дури и на автопат може да се вози со ниски обртаи ако се одржува умерена брзина.

Ulrich Kater, главен економист во DekaBank, раскажува за сопствен експеримент:

„Размислував како да заштедам гориво. Дали ќе бидам опасност во сообраќајот ако возам 100 km/h на автопат?“

Тој пробал и открил две работи:
прво – трошел помалку од пет литри на 100 километри,
и второ – многу други возачи исто така возеле поспоро.

„Не бев опасност; речиси никој не возеше пребрзо“, вели тој.

Совет 5: Правилно напумпани гуми

Контактот помеѓу автомобилот и патот влијае врз потрошувачката на гориво.

Помала контактна површина значи помал отпор и помала потрошувачка.

Тоа се постигнува со правилен притисок во гумите.

Притисокот треба да се проверува секој трет пат кога се точи гориво.

Возење со 0,1 bar повеќе од препорачаното од производителот е сосема во ред и може да помогне во заштеда на гориво.

Физичарите тоа го нарекуваат „отпор на тркалање“.

Совет 6: Без непотребен товар

„Испразнете го багажникот и отстранете ја непотребната тежина од автомобилот“, советува Германскиот сојуз на потрошувачки организации.

Дополнителната тежина ја зголемува потрошувачката.

Уште поголем проблем е аеродинамичкиот отпор:
кровните носачи и држачите за багаж се практични на одмор, но во секојдневно возење ја зголемуваат потрошувачката.

Многу електрични уреди во автомобилот исто така трошат енергија.

Климата, греењето на седиштата, греењето на шофершајбната и другата опрема треба да се користат само кога навистина се потребни.

Поглед во минатото

Брошурата „Повеќе километри со помалку гориво“ на германското Министерство за економија и денес се смета за корисна.

Таа била објавена во 1980 година, во време кога возачите сè уште ги чувствувале последиците од двете нафтени кризи.

Првата била во 1974 година, по Јомкипурската војна, а втората во 1979/80 по Исламската револуција во Иран.

Геополитичките причини тогаш и денес се слични.

Но индивидуалниот товар денес е нешто помал.

Германскиот економски институт пресметал дека во 1980 година просечен работник морал да работи 5,4 минути за да купи литар бензин.

Денес за еден литар се потребни околу 4,9 минути работа.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија