Заработувањето пари на YouTube е нешто за што сонуваат многумина од нас кои сакаат да заработат пари онлајн. Откријте колкава е навистина заработката на YouTube овде.
Заработката на YouTube во последно време стана многу популарна тема за која се создаваат многу митови.
Со самото спомнување на инфлуенсери, јутјубери, работа на социјалните мрежи и воопшто на интернет, луѓето веднаш доаѓаат до заклучок дека постои идеална работа со малку труд и брза заработка.
Најчеста заблуда е дека се што треба да направите за да возите скап автомобил и да живеете во замок со животно решени егзистенцијални прашања е само да снимите видео, да го уредите и да го објавите.
Ако верувате во тоа, тогаш сите треба да отвориме профили на YouTube и да почнеме да објавуваме видеа, кога е толку лесно. Но дали е тоа навистина така?!
Како функционира YouTube
Отфрлајќи ги многуте заблуди, YouTube не работи на идеалистичкиот принцип дека почнувате да броите пари по вториот чекор – штом се регистрирате и објавите видео.
Сепак, индустријата за интернет бизнис е малку посложена од тоа.
Фактичката состојба е следна – од заработката ве делат уште неколку чекори и важниот фактор време:
- Регистрација,
- Објавување видео содржина,
- Собрани 1000 претплатници,
- За 12 месеци треба да постигнете вкупно време на гледање на вашата објавена содржина од најмалку 4000 часа.
Кога ќе ги исполните сите овие параметри според алгоритмот и правилникот на YouTube, тек дури тогаш може да биде вашиот канал подготвен за монетизицаија.
Како да заработите пари на канал на YouTube – Заработете пари преку реклами
Пријавувањето за реклами на видеа што ќе ви заработат пари е уште еден начин за монетизација на вашата кариера на YouTube.
Еве како функционира заработката на YouTube? Доколку сте ги исполниле горенаведените услови, а во исто време ги исполнувате сите услови и барања на YouTube – објавувате соодветни видеа, не ги прекршувате правилата и не сте спамер, можете многу лесно да аплицирате за ваков вид приходи преку реклами.
YouTube не плаќа фиксни суми
Математиката е јасно дефинирана наука, но кога станува збор за оваа работа, не е баш толку едноставна како што изгледа.
Работата на заработката е комплицирана од фактот што YouTube не плаќа фиксна сума за прегледи, дури и ако соберете милион прегледи, а нивната пресметка зависи од многу фактори.
YouTube не плаќа директно и стриктно за прегледи на видеа, тој плаќа за прегледи на видеа што содржат реклами и за интеракцијата што вашата публика ја има со тие реклами.
Износот што ќе го добиете за видео реклами зависи од:
- CPV (cost per view, по прегледи на огласот)
- CPC (cost per click, по кликови на огласот)
- CPM (cost per mille, по 1000 прегледи)
Значи, ако очекувате фиксна плата врз основа на прегледите на видеата нема да може. Затоа YouTube најчесто пресметува како да ви плати според CPM (cost per mille).
Имајќи предвид дека mille е латински збор за илјада, можеме да заклучиме дека CPM ја претставува сумата за секои 1000 прегледи. Тоа е, исто така, сумата што огласувачот треба да ја плати секогаш кога нивната реклама добива 1000 прегледи.
Заработка од YouTube во Македонија – YouTube Adsense
Имајте на ум дека парите споменати погоре одат на YouTube, а не на оној што го создал видеото.
Креаторот на видеото го добива својот удел од YouTube Adsense, кој всушност зема прилично голем дел од сумата, поточно, зема 45%. Овој износ е прилично голем, особено кога ќе сфатите колку е тешко да достигнете 1000 прегледи.
Просечниот YouTuber од овој бизнис ќе заработува помеѓу 1,50 и 3,00 УСД на секои 1000 прегледи. Некои од факторите од кои зависи оваа сума се:
- локација,
- видео тема,
- цел,
- возрасна група на публика и сл.
Ова ни кажува дека е апсолутно невозможно да се пресмета точната сума што ја добива YouTuber за прегледи бидејќи таа бројка е индивидуална и варира.
Како функционираат спонзорствата
Заработката на YouTube со помош на спонзорства генерално функционира така што некој бренд му плаќа на авторот да направи видео за одреден производ или услуга, да го спомене производот или услугата за време на видео клипот или да зборува за тоа одреден број минути.
Често се случува некој бренд да финансира, или спонзорира само едно видео, но понекогаш дури и цел канал.
Ако целиот ваш канал е спонзориран, во тој случај вие како Јутјубер мора да понудите договорената „реклама“ во секое видео.
Во овој контекст, големите Јутјубери се големата лига. Зошто? Бидејќи просечниот YouTuber ќе наплаќа од бренд помеѓу 10 и 50 долари на 1000 прегледи.
Кога станува збор за поголеми и попознати Јутјубери, чии видео клипови имаат до 1 милион прегледи, тие можат да заработат помеѓу 10.000 и 50.000 долари од спонзори за таа бројка.
Кои се популарни Јутјубери во регионот?
Имајќи предвид дека ситуацијата за фаворизираните јутубери не е многу променета во изминатата година, листата подолу покажува кои се водечките играчи на денешницата во играта наречена блогирање на YouTube.
Првите две во регионот се секако Baka Prase и Mudja. Во Македонија има неколку јутубери кои се во подем, од кои водечки е Лазаров, потоа тука се Иван Неделковски, Бајкерот и Кросфитерот, Редкаст, Бомбакис, Коста Петров, На гости кај Прилепчанец, Мандар, Ридко…итн
Заклучок – заработка на YouTube во 2023/24 година
Тешко е со сигурност да се одреди колку заработуваат јутјуберите во Македонија, јутјуберите во Србија, јутјуберите во Хрватска, јутјуберите во БиХ и остатокот од регионот.
Она што е сигурно е дека јутјуберите не работат бесплатно и дека заработката на канал на YouTube може да биде добар извор на приход доколку знаете што правите и правите интересни содржини за публиката што ја таргетирате.
Најлошото нешто што можете да направите е да ги копирате другите, тоа сигурно нема да биде добар избор и заработката на youtube на овој начин нема да биде голема (или нема да биде никаква).
Најдобро е да го правите она што го знаете и го сакате. На пример добар јутјуб на тема аквариуми и риби (ако тоа е вашиот стил) може да биде добар дополнителен извор на приход од страна. Особено ако одлучите да продавате работи поврзани со аквариуми, тогаш ќе се етаблирате како авторитет во оваа бранша.
Она што можеме да ви го кажеме од сопственото искуство е дека едукативните видеа како тие на мојот канал на YouTube сигурно нема да бидат толку вирални и профитабилни како видеата на легендарниот Оmcо.
За крај, изгуглајте “заработка на јутуб” и ќе излезат калкулатори слични на овој што ќе ви покажат приближно точно колку се заработува на јутуб.
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.