31-годишната Ноел Ханкок го напуштила животот во центарот на Њујорк и се преселила на Карибите за да го живее животот од своите соништа без стрес и нервоза.
Пред 4 години, оваа девојка одлучила да ја напушти својата кариера на успешна новинарка и да се пресели на егзотичниот остров.
Животот во срцето на Њујорк го заменила со оној на малиот карипски остров Свети Иван, а успешната кариера која ѝ овозможувала да заработува годишно по 95.000 долари (7.000 долари месечно), ја заменила со продавање на сладолед за 10 долари на час. Ноел го продала својот имот за да купи авионска карта во еден правец за Карибите и да започне целосно нов живот.
Сега, по 4 години живот на Карибите, таа одлучила да открие што ја натерало да го остави своето удобно секојдневие и сосема сама да тргне во непозната авантура.
„Констатно бев под стрес, немав никаква инспирација и ми требаше одмор. Ако подолго време чувствуваш дека ти треба одмор, тогаш треба да направиш некоја промена во својот живот. Приказната за Карибите отсекогаш ми беше некаде во поствеста, но никогаш не беше вистинско време да се замине. Да не одлучев веројатно никоагш не би ни заминала“ – открила Ноел.
Таа признава дека со нејзината одлука не биле задоволни ниту нејзините родители ниту пак нејзините пријатели, но таа не очекувала ништо друго со оглед на тоа што нејзината одлука била целосно различна од сето она што го правела дотогаш.
Првата работа на Карибите ѝ била продавање на сладолед, што ја правело многу посреќна од работењето во фирмата во Њујорк, каде нејзината сaатница била неколку пати повисока.
„Животот на карипскиот остров ме натера да гледам на животот со други очи“ – изјавила таа. По некое време почнала да работи како хостеса,а потоа како келнерка, а открила дека и причинува големо задоволство да запознава нови луѓе.
Извор: Денешен