Ако сте уморни од лаењето на кучиња во попладневните и вечерните часови, можеби треба да се преселите во италијанското гратче Контроне, во јужната покраина Кампанија. Градоначалникот на градот, Никола Пасторе, бил толку гневен на кучињата кои му го нарушувале мирот, што одлучил лаењето официјално да го забрани.
Имено, тој донесе одредба според која сопствениците можат да се соочат со парична казна меѓу 20 и 500€ ако нивните кучиња лаат за време на попладневните часови. Тие треба да бидат тивки не само во периодот од 14:00-16:00 часот, туку и во текот на ноќта.
Италијанската попладневна дремка се вика riposo и е слична на шпанската сиеста. Таа е многу популарна во јужна Италија, како и во голем дел од Медитеранот, благодарение на поспаноста предизвикана од богати ручеци кои често се придружени со вино.
Градот Пјаченца пак, им забрани на сопствениците да ги оставаат нивните миленици сами на јавно место.
Според законските мерки во Италија, кучињата кои се врзани мораат да имаат синџир долг најмалку пет метри, како и пристап до храна и вода. Па, можеби ова ќе биде доволно за да се откажат од нивното лаење.