Според официјалната статистика, до 15 мај во Германија се регистрирани 1,9 милиони празни станови и покрај големата побарувачка за станбени единици.
Повеќе од половина од станбените имоти, или 55 отсто, не се користат повеќе од една година. Малку повеќе од една третина или 38 отсто од празните станови биле подготвени да се вселат во следните три месеци.
Во градовите како Хамбург, Бремен и Берлин, процентот на празни станови е поголем од националниот просек – тој е помеѓу 52 и 61 процент. Реновирање или некоја друга градежна интервенција се планира за секој четврти стан или 24 проценти. Предвидено е да се урнат четири отсто од празните станови.
Споменатите податоци се добиени од пописот на населението спроведен во 2022 година, пренесува германската агенција ДПА.