Како да заштедите пари и да ги вратите долговите? Прочитајте корисни совети!

Како да заштедите пари – Ако ви е преку глава да живеете од плата до плата и да трошите уште повеќе отколку што заработувате, време е да се соочите со сопствената финансиска ситуација, без разлика колку и да е непријатна.

Во решавањето на финансиските проблеми треба да бидете трпеливи и истрајни, бидејќи долговите не настанале преку ноќ, па и за нивното враќање ќе биде потребно време.

Наместо да одбивате да си признаете дека имате проблем и да ја закопувате главата во песок, соочете се со проблемот и преземете некои од следните чекори.

Поставете приоритет и ставете сè на хартија

За да добиете целосна слика за висината и структурата на долгот, дознајте кому и колку должите и запишете. Распоредете ги приоритетите и доколку имате долгови за вода, струја, гас и слично, прво отплатете ги нив, а потоа оние со најголема затезна камата.

Како да заштедите пари? Направете пресметка
Направете финансиски план кој го вклучува износот на приход што го добивате секој месец и сите очекувани трошоци што мора да ги покриете. Би било добро да запишете на што сте ги потрошиле парите во текот на месецот, бидејќи на тој начин ќе дознаете каде одат најголемиот дел од вашите пари.

Купувајте паметно и плаќајте со готовина

Импулсивното купување може да не чини неколку илјади евра годишно, а она што го купуваме во такви моменти е всушност непотребно. Ако се обидувате да заштедите пари, треба да престанете со импулсивното купување и јасно да ги одделите „желбите“ од „потребите“.

Подобро плаќајте ги работите што ги купувате во готово, бидејќи кога користиме картички често не чувствуваме колку пари навистина сме потрошиле.

Како да заштедите пари? Намалете ги излегувањата и лошите навики

Иако излегувањето на ручек и вечера или забавите за време на викендот е можност за релаксација, тоа може и да не чини скапо. Ако навистина сакате да излегувате, најдете поевтини начини за забава, како што се бесплатни концерти, театарски претстави или фестивали на отворено.

Ако пушите, работете на откажување. Освен што се штетни за вашето здравје, цигарите секоја година стануваат се поскапи и претставуваат многу голем трошок.

Како да заштедите пари? Проверете ги сметките

Секој може да направи грешки, а комуналните претпријатија, трговските синџири, лекарските ординации и рестораните не се исклучок. Пред да платите каква било сметка, треба да ја прегледате за грешки. Можеби ќе се изненадите колку пари може да се заштедат на овој начин.

Со сето горенаведено, единствениот начин да се ослободите од долгот трајно е да започнете да живеете во рамките на вашите можности и решително да одбиете секаков вид на нов долг. Ако после сето тоа сè уште не можете да заштедите пари и да ги ставите под контрола вашите долгови, побарајте стручна помош.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија