Кога некој ќе реши да најде работа преку граница, со текот на времето, ако добро се снајде, се труди да си создаде дом, а бидејќи многу луѓе од овие краишта сè уште претежно доаѓаат во Германија, еве ги шансите за купување стан во оваа земја.
Во едно видео на Тикток, вработен во Дојче банк објаснува колку приходи би требало да има еден самец за да може да купи имот во Германија.
Постапката ја објаснува со пример, кога еден работник од Балканот кој живее во Германија и се обратил на банката за ова прашање и сакал да се ситуира таму, но прво сака да провери дали има услови за такво нешто.
Како што објаснува вработената, Дојче банк соработува со други банки, а преку нивната услуга и внесување на податоци за вработените, може да се провери дали има некој заинтересиран кој на овој клиент би му понудил заем за недвижен имот.
Поточно, тој е вработен во германскиот град Улм, роден е 1995 година, има 12 месечни плати од по 2.300 евра, има хрватско државјанство и е во постојан работен однос.
Покрај примарното работно место, клиентот има и втора работа каде заработува 500 евра месечно, но во исто време плаќа рата за автомобил од 275 евра на месечно ниво (14.000 евра е преостанатиот износ за отплата на возило).
Тој би сакал да подигне кредит во износ од 165.000 евра, со тоа што на таа сума ќе треба да се додаде и плаќањето на брокерите (лица кои посредуваат за договори за купување или продажба на стоки во име на друг) на 3,57 отсто (може и пониско ), износот на ДДВ од 5 отсто и нотар, т.е. регистрација на недвижен имот од 2 отсто, со што на крајот износот на заемот би се зголемил на 182.442 евра.
Но, овој работник нема сопствен капитал кој би му послужил како учество во кредитот и во тој случај потешко може да се најде банка која е заинтересирана за кредитирање и финансирање, што беше случај и сега, но ова млад човек имал среќа да најде банка во која може да се задолжува и да плаќа месечна камата од 4,01 отсто.
Како многу важна ставка, на крајот беше објаснето како ќе изгледа отплатата на кредитот: се собраа неговите приходи кои изнесуваат 2.800 евра, од кои гореспоменатите рати за автомобилот, па за кредитот, кои би изнесувале 857 евра, биле одбиени, а во целата сума се вклучени и трошоците за живот, кои во неговиот пример изнесуваат 1.540 евра, а на крајот има вишок од 128 евра, што, според мислењето на оваа банка, е добра сума, поради што сака да го финансира овој заем.
Ова е еден од многуте примери за тоа како и на кој начин можете да добиете кредит во Германија. Ратата на кредитот е доста висока за условите во Македонија, но гледајќи го животниот стандард мислам дека оваа бројка неможе да биде помала, а дали вреди некој да купи недвижен имот во странство на овој начин одлучете самите.
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.