Како да отворите мотел?! Сè што треба да знаете!

Како да отворите мотел, што треба да направите и кои се почетните инвестиции

Сите некогаш сте имале можност да уживате во релаксирачката атмосфера на добро организиран мотел, можеби сте се запрашале како сами да започнете таков бизнис.

Работа: BED & BREAKFAST MOTEL
Потребно време за почеток: 2-4 месеци
Вредност на инвестицијата: 10.000 до 100.000 €

Понекогаш самата локација може да биде доволна, особено ако вашиот град е полн со атракции како што се антиквитети, луксузни ресторани, историски места… Од друга страна, вашиот имот може да биде атракција сам по себе, особено ако живеете на фарма или во село. Доколку сте утврдиле дека вашиот имот претставува добра локација, дознајте ги сите детали во врска со отворањето на мотел за ноќевање со појадок.

Треба да знаете дека на гостите мора да им обезбедите барем еден оброк, имено појадок. Исто така, мора да бидете многу упатени и информирани за знаменитостите и настаните во вашиот град, за да им ги обезбедите на гостите сите потребни информации. Исто така запомнете го златното правило кога станува збор за успешно водење на мотел за ноќевање со појадок – направете различни детали за вашите гости да се чувствуваат посебно, и тие не само што ќе ве препорачаат, туку и самите ќе се вратаќаат од година во година.

Еден ден од животот на сопственик на bed and breakfast мотел

Дневниот распоред секогаш ќе биде преполн. Ако сами си подготвувате храна, мора да станете рано за да подготвите појадок. Откако ќе ги забавувате вашите гости за време на појадокот, ќе им помогнете да се одјават, да го планираат денот и да им посакате добредојде на новите гости. Потоа ќе се занимавате со задачи како што се чистење, пазарење, финансии и рекламирање на вашиот бизнис. Вашите денови ќе бидат долги и напорни, но многу сопственици на вакви мотели сметаат дека ова е многу рентабилен и профитабилен бизнис.

Кои се клиентите?

Вашите клиенти ќе бидат луѓе кои бараат совршено место за одмор, кое ќе ја има топлината и атмосферата на домот. Луѓето кои бараат мотел за ноќевање и појадок ќе бараат и детални информации за знаменитостите и атракциите на местото каде што ќе го поминат својот одмор.

Во Македонија исто така многу популарно е изнајмувањето на соби на неколку часа.

Што ви е потребно за да го започнете овој бизнис

Имот кој е доволно голем и доволно привлечен за вашите гости. Мора да бидете љубезни и пристојни.

Пожелно е градот или областа каде што се наоѓа вашиот B&B мотел да има свои атракции кои ќе помогнат да се привлечат клиенти.

Добрите страни на работата

Вашата куќа е ваша инвестиција, во вистинска смисла на зборот. Можете да уживате со вашите гости и во она што вашата куќа може да им го понуди. Работата може да биде многу профитабилна.
Почетните инвестиции не мора да бидат високи (ако веќе поседувате куќа).

Негативни страни на работата

Можеби се почувствувате како домашен затвореник бидејќи ќе живеете и ќе работите таму.

Дневните обврски може да бидат многу напорни, особено ако немате доволно средства за да ангажирате дополнителен персонал.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија