„Платата од околу 6.000 франци звучи одлично, но тоа е бруто сума. Кога ќе се одбие данокот, на сметката остануваат околу 4.700 франци. Најголемиот трошок е киријата. „Киријата во Швајцарија не е евтина, но сепак се плаќа помалку од поседување недвижен имот, верувале или не, бидејќи даноците на имот се огромни (се разбира, ако сте мултимилионер тогаш можете да си го дозволите тоа)“, објаснува Милан.
Бидејќи изнајмувањето стан во центарот на градот е исклучително скапо, тој одлучил да живее во предградијата. „Киријата за стан од една и пол соба е 1.500 франци, што значи дека ми остануваат уште 3200.
Цената на храната во супермаркетите е повисока отколку во Србија, а да не зборуваме за рестораните. “ „Се трудам што повеќе да подготвувам храна дома, за да заштедам пари, бидејќи многу брзо би банкротирал ако јадам надвор. Месечно трошам околу 600 франци за храна (бидејќи често купувам намирници на распродажба), што значи дека ми остануваат уште 2600ф.
Цените на пакетите за интернет и мобилни телефони варираат од пакет до пакет, мојот ме кошта 160 франци, по што ми остануваат 440. За комуналии одат околу 450 франци, по што отприлика останувам на околу 2000. Дополнително, здравственото осигурување е задолжително во Швајцарија, која има неколку различни пакети, па вие избирате според вашите потреби и финансиски можности. Избрав пакет кој е малку подобар од најосновниот, а ме чини 300 франци месечно“, пишува Милан на социјална мрежа.
Со преостанатите 1.700 франци, Милан издвои уште неколку трошоци. „Се разбира, берберот е многу битен исто така – додава Милан. Фризурата е околу 40 франци, а бидејќи се стрижам два пати месечно, тоа задоволство ме чини 80 франци. “
„Покрај тоа, трошам уште 200-300 франци месечно за одење во кино, за пиење или за вечера со пријателите, така што на крајот на месецот ми остануваат околу 1.300 франци во џебот. За среќа, најмногу возам велосипед, па немам трошок за автомобил“, истакнува Милан.