Колку пари месечно ви се потребни за живот во Германија?

Видеото е наменето за сите оние кои живеат во Германија или имаат намера еден ден да се преселат таму

Хрватот Иван Ловриќ од Аленсбах објави видео снимка на Јутјуб во која открива колку изнесуваат трошоците за живот во Германија..

Неговите вкупни трошоци се 2.323 евра месечно, пишува магазинот Феникс.

Поставете ниски цели, за да не се разочарате. За се е потребно време. Поставете си една мала цел, а кога ќе ја исполните, ќе поставите повеќе цели и ќе бидете задоволни, вели Иван.

Неговиот најголем трошок во Германија е станот кој го плаќа 715 евра. Станот има две спални и дневна соба. Иван вели дека цените на становите во Германија се движат од 450 до 1.500 евра и повеќе, во зависност од локацијата и големината на станот.

За ѓубретарина плаќа околу 14 евра месечно или 169 евра годишно. Цената на ѓубрето зависи од бројот на членови во семејството, без разлика дали имате ѓубре или не, дали имате само торба или канта за отпадоци и колку пати месечно ѓубрето се фрла. Цените на отпадот се движат од 7 до 16 или повеќе евра месечно.

Семејството на Иван за струја плаќа месечна претплата од 56 евра. Иван вели дека најмногу пари можат да заштедат на електрична енергија годишно. На пример, Иван заштедил повеќе од 600 евра со префрлување кај нов снабдувач на електрична енергија.

За интернет и телевизија се плаќа од 15 евра месечно до 50 или повеќе евра, во зависност од пакетот. Иван плаќа 50 до 60 евра, но тој ја исклучил опцијата за германски телевизии и сега ќе плаќа 35 евра само за брз интернет.

Тој и неговата сопруга имаат два мобилни телефони за кои плаќаат 50 евра. Ова вклучува 1GB интернет сообраќај во Европа, а во Германија има неограничен интернет. Инаку, трошоците за мобилни телефони се движат од 10 до 150 евра.

За лично осигурување, кое ги вклучува неговата сопруга и децата, тој плаќа 65 евра, па тие се осигурани до 100.000 евра.

Семејството на Иван има два автомобила, и трошат многу гориво за патувањето до работа и превоз на децата. За два автомобила тие плаќаат осигурување годишно од 1.300 евра, за гориво околу 200 евра месечно, 76 евра данок за двата автомобили годишно, 90 евра за мал автомобил и 240 евра годишно за поголем автомобил.

Училиштето не се плаќа, градинката месечно чини 90 евра плус 40 до 60 евра за ужина, бидејќи во германските детски градинки обично нема храна. Трошоците за детска градинка и јасли може да бидат од 0 до 300 евра или повеќе.

Семејството на Иван троши околу 400 евра за храна, но во Германија можно е да се преживее и со 50 евра или помалку. Кога дошол во Германија немал многу пари, и цел месец го поминал со 34 евра

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија