Виза за приклучување кон семејство – Германија

Термини можат да се закажат само онлајн преку веб-страната на амбасадата. Барањето се поднесува само лично.

Таксата за апликацијата изнесува 75.- евра. Сите документи треба да се достават во оригинал и 2 копии.
При поднесување на барање секогаш треба да се поднесат следниве документи:

2 формулари, читливо и целосно пополнети на германски јазик и своерачно потпишани (со латинични букви).


2 биометриски фотографии од понов датум.


Пасош со доволна важност, во оригинал и 2 копии.


Меѓународен извод на венчани, во одреден случај германски извод на венчани, во оригинал и 2 копии.


Официјален јазичен сертификат „Германски Старт 1“ („Start Deutsch 1“) од Гете институтот (Goethe Institut), Телк доо (Telc GmbH) или „ОСД
Сертификат А1“ австриска јазична диплома, („Österreichisches Sprachdiplom A1“), во оригинал и 2 копии.


Другите јазични сертификати или потврди, кои го потврдуваат само учеството на јазичен курс, НЕ се признаваат.


Пријава за местото на живеење на брачниот другар во Германија, во оригинал и 2 копии.


Копија од пасошот на брачниот другар во Германија, во соодветен случај и копија од визата за престој во Германија, доколку брачниот другар не е германски државјанин, во 2 копии.


Доколку подносителот на барањето за виза и/или брачниот другар претходно веќе биле во брак:
решение за развод, во оригинал и 2 копии, во соодветен случај и превод на германски јазик, во 2 примерока, македонско судско решение за признавање на странска судска пресуда за развод на брак, доколку бракот е склучен во Македонија, но разведен во Германија, во оригинал и превод на германски јазик со по 2 копии,


германско судско решение за признавање на странска судска пресуда за развод на брак, доколку бракот е разведен во Македонија и еден од брачните другари е германски државјанин, во оригинал и превод на германски јазик со по 2 копии.

Адреса:
ул. Леринска 59
1000 Скопје

Работно време на визното одделение:
понеделник – петок: 08:00 – 11:00 часот
понеделник – четврток: 15:00 – 15:30 часот
петок: 12:00 – 12:30 часот

Интернет: www.skopje.diplo.de
подигање на визи: е – пошта: [email protected]
закажување на термин: www.skopje.diplo.de
факс: 00389-2-3093-888

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија