Што треба да направите ако не добиете плата во Германија?

Приказна од лично искуство. Што направивме кога, т.е што направи сопругата кога работодавецот не сакаше да ја исплати заслужената плата?

Без оглед кои сме, тоа може да им се случи на сите нас. Од некоја причина, работодавецот не плаќа или одбива да ја исплати платата за еден или повеќе месеци заработени од вашата работа.

Откако веќе еднаш или двапати сте разговарале со работодавачот, платата сè уште не легнува на сметката. Тогаш ќе стигнете до точката каде што сакате да направите одреден чекор и да преземете нешто „формално“ за да го добиете вашето. Што можете да направите и како официјално да побарате исплата на вашата плата во Германија?

Еве ја нашата приказна:

Сопругата работеше Mini-job во мала фирма.

Ова вработување траеше повеќе од една година и кога сопругата беше бремена во 7-ми или 8-ми месец од бременоста и престана да работи, работодавачот едноставно „заборави“ да ја исплати платата за последните два месеци работа.

Откако една колешка и потврди на сопругата дека платите за другите работници редовно се плаќаат и откако 5 пати се јави и го предупреди работодавецот, дојдовме во ситуација кога веќе не знаевме што да правиме.

По малку истражување го направивме следново. Функционираше за нас и верувам дека ова е добар пат по кој треба да тргнете доколку се најдете во таква ситуација.

Како да побарате од вашиот работодавец да ви исплати плата?

  1. Бидете 100% сигурни дека вашиот работодавец е должен да ви ја исплати платата. Ова значи да го проверите вашиот договор, датумите, изјавите и сè друго за да бидете сигурни дека сè е како што Вие мислите. Она што дефинитивно не го сакате е вашата дискусија да ескалира и на крајот да се покаже дека воопшто не сте во право. И не чекајте долго, најмногу 3 месеци пред да ги преземете овие чекори затоа што постои опасност вашето побарување да застари по 6 месеци.
  2. Кога сте сигурни, предупредете на цивилизиран начин да ја исплати вашата плата. Најдобро по е-емаил затоа што така имате писмен фоказ дека сте се обиделе да разговарате со него „нормално“.
  3. Почекајте две недели. Ако чекор бр. 2 не вроди со плод, напишете писмо, потпишете гои и испратете го како препорачана пошта за да имате доказ дека писмото е примено. Целта на писмото е да го предупредите, пред да вклучите повисоки инстанци на кои ќе го пријавите случајот.

    Еве еден формат што го искористив јас:

    Фирма

    Адреса

    Датум

    Abmahnung 

    Sehr geehrter Herr/Frau …

    Mein Arbeitsentgelt für die Monate …  ist bis heute nicht bei mir eingegangen. Der ausstehende Betrag beläuft sich auf …. (Сумата која ви ја должи).

    Mit die­sem Ver­zug ver­sto­ßen Sie ge­gen Ih­re ar­beits­ver­trag­li­chen Pflich­ten.

    Ich for­de­re Sie da­zu auf, die of­fe­nen Ge­häl­ter um­ge­hend, spä­tes­tens aber bis zum …. (датум, рок од 2-3 недели) voll­stän­dig aus­zu­glei­chen.

    Sollte die Frist ergebnislos verstreichen, sehe ich mich dazu gezwungen, von meinem Zurückbehaltungsrecht Gebrauch zu machen und meine Ansprüche gegebenenfalls vor Gericht geltend zu machen.

    Mit freundlichen Grüßen

    Потпис
  4. Arbeitsgericht
    По истекот на крајниот рок, проверете го салдото на вашата сметка. Ако нема плата, јавете се во Arbeitsgericht и закажете состанок со советник ( пребарајте на Google за Arbeitsgericht во вашата област за да дознаете каде е).
    На тој термин понесете се што можи да биди важно:
  5. Последната точка за која не можам да зборувам од моето сопствено искуство. Зошто? Бидејќи работодавецот на сопругата одлучил да ја исплати платата 2 дена пред истекот на судскиот рок. Така, тој ја чекаше последната минута и веројатно бидејќи знаеше дека ќе изгуби на суд и ќе мора да ги плати трошоците за постапката. Го откажав терминот, така што немавме повеќе работа со тој работодавец.

Уште неколку информации што вреди да се знаат

Ако вашиот работодавец не ви ја исплати платата 2-3 месеци, имате право да престанете да работите додека таа плата не ви биде исплатена.

После писмен Abhmahnung по кој немa никаква реакција, имате право да си дадете оставка веднаш, без отказен рок. Во овој случај ќе си барате надохнада за трошоците како и исплата на целата плата како да сте го работеле отказниот период – имате право на тоа!

Работа на црно, иако е корисна во многу ситуации, тука е апсолутен недостаток. Ако некој не ви плати, а сте работеле на црно, формално не можете да направите ништо. Ни се случи тоа и нас, ние веќе ја заборавивме таа сума. За среќа, тоа беше само околу 100-200 евра.

Заклучок

Да останеш без заслужената плата е фрустрирачки. Не се обесхрабрувајте и не дозволувајте некој да ви раскажува шупливи приказни. Реагирајте брзо, следете ги овие чекори и побарајте совет од некој поинформиран.

Со среќа

П.С. Јас не сум експерт, адвокат или извршител на долгови. Сето ова е мое лично мислење и совет.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија