За една година од платата купив стан и автомобил

„Од 2012 живеам во Драмен, бидејќи добив постојана работа како медицинска сестра. Јас сум презадоволна од животот овде.“ – изјави за српски Телеграф Србинката Бранка Мириќ, која неколку години работи како медицинска сестра во Норвешка.

Бранка во 2010 година се преселила во Норвешка и сега работи во оддел за здравствена нега. Таа станала и инструктор за курсеви за проценка на состојбата на пациентите, а од неодамна е предложена и за претставник на комората на медицински сестри.

Според неа, постои голема разлика меѓу медицинскте сестри во Србија и оние во Норвешка, бидејќи таму оваа професија е многу повеќе почитувана, а од нив се очекува да придонесат за лекување на пациентот, да предложат методи на лекување, рехабилитација, како и да ги следат ефектите од терапијата.

Како што самата вели, порано никогаш не размислувала дека ќе дојде момент кога ќе замине од Србија.

„Јас веднаш добив лиценца, бидејќи имам високо образование и специјализација. Норвешкиот јазик го учев во Белград, а работата ја добив преку едно биро за вработување и имав договор на две години. Работев во три различни институции. Од 2012 живеам во Драмен, бидејќи добив постојана работа како медицинска сестра. Јас сум презадоволна од мојот живот, затоа што пред две години од својата плата успеав да купам стан, автомобил и да ги подмирам сите трошоци. Во Белград доаѓам неколку пати во годината и можам да си дозволам различни патувања. Мислам дека тоа е доволна причина за да се напушти Србија, бидејќи како медицинска сестра од платата не може ни да се преживее во нашата земја.“

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија