Според една нова студија на Moneypark, со тековните ниски каматни стапки, купувањето дом во Швајцарија е поевтина варијанта од изнајмувањето.
Студијата ги заснова своите пресметки во основа на просечна хипотека од 690.000 франци и депозит од 270.000 франци. Земена е предвид фиксна каматна стапка од 1,5%, со што вкупните плаќања вклучувајќи ја и каматата и амортизацијата, ќе изнесуваат околу 2.615 франци месечно.
Moneypark проценува дека изнајмувањето на имот кој ги нуди приближно истите услови, просечно ќе чини 4.240 франци месечно.
Месечната разлика во трошоците кога ќе се пресметаат сите фактори, ќе биде околу 1.500 франци месечно.
Рекордните ниски каматни стапки беа причина повеќе Швајцарци да купат свој дом. Сепак, во 2021 година, само 37,5% од граѓаните на Швајцарија живееле во сопствен дом.
За повеќе вакви и слични теми придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Швајцарија