Регистрирајте се сами за термин во Амбасадата. Регистрирањето е бесплатно и едноставно.
Не е ниту потребно ниту пак има смисла, трети лица да резервираат термин. Амбасадата во Скопје не соработува ниту со туристички агенции ниту со адвокатски канцеларии или приватни понудувачи на услуги, тие не уживаат никакви привилегии. Посебно тие немаат поедноставен пристап до нашиот систем на доделување на термин.
За доделување на термин за виза согласно § 26 став 2 Одредба за вработување („Регулатива за Западен Балкан“) еднаш месечно тече постапка за лотарија.
Секогаш на почетокот на месецот се отвора нова листа за регистрација на термини за поднесување на барање за виза. Оваа листа ќе биде отворена за регистрации за одреден временски период (во просек околу 2 недели) за точните датуми за отворање на листата информираме навреме на нашата веб-страна и на фејсбук.
Лотарија и регистрација на термин
Со компјутерски управуван генератор по пат на лотарија се одбира кој од сите регистрации ќе добие термин за поднесување на барање следниот месец. Лотаријата се спроведува во Министерството за надворешни работи во Берлин под надзор на повеќе лица. Ниту Амбасадата, ниту ВизаМетрик не можат да влијаат на извлекувањето. Лицата што ќе бидат извлечени ќе добијат известување од Амбасадата.
Исклучена е можноста за повеќекратни регистрации. Не постои можност отпосле да се променат податоците што се наведени при регистрацијата. Не е дозволено терминот да се пренесе на друго лице. Не е потребно да се вклучат трети лица (на пр. некоја агенција) и тоа не носи предност. Регистрирајте се без брзање сами за постапката и задолжително внимавајте на тоа коректно да ги внесете Вашите податоци.
Освен мејл од Амбасадата, ќе добиете мејл и од ВизаМетрик. Со помош на еден линк, како и на Вашето презиме и Вашиот датум на раѓање како податоци за пристап, ќе може сами да си го одберете Вашиот термин. Ве молиме редовно да го проверувате сандачето спам.
Откако ќе изберете термин, ќе добиете барање за уплата во висина од 37,50 евра, кое е потребно да се плати во рок од 24 часа по регистрацијата на терминот, за да се потврди избраниот термин. Доколку не се плати оваа такса, тогаш Вашата резервација на термин пропаѓа како и можноста во тој месец да се поднесе барање. Не може да се резервира нов термин! Ќе мора одново да се пристапи со внесување во месечната листа за лотарија.
Оваа регулатива ги филтрира подносителите на барање кои во даден случај не би се појавиле. На тој начин се доделуваат термини само на сериозни/подготвени апликанти.
Дури и со приложена потврда за плаќање, влез во Центарот за прием на ВизаМетрик ќе биде овозможен само кога личните податоци во пасошот на подносителот на барањето за виза целосно се совпаѓаат со податоците што се внесени при регистрацијата на терминот.
Оние рeгистрации што не добиле термин, ќе бидат избришани на крајот од месецот. Сите лица што не добиле известување за термин до крајот на месецот, не биле успешни во постапката за лотарија и може да се регистрираат на листата за следниот месец. Ве молиме да се откажете од поставувања на прашања по мејл во врска со ова. За учество во постапката за лотарија за термини во следниот месец потребна е нова регистрација.
Барање за виза според „регулативата за Западен Балкан“ може да се поднесе само на овој начин. Амбасадата не доделува посебни термини, затоа откажете се од ваквиот тип на прашања.
Апликациите за термин за месец април 2024 г. може да се регистрираат во листата за чекање за термин од 04.03.2024 од 10:00 часот до 12.03.2024 во 15:00 часот со кликање на овој линк