Македонскиот графит на Берлинскиот Ѕид пред да го срушат

Фотографија на која се гледа графит на македонски јазик со пораката „Дани, те сакам“ на Берлински ѕид непосредно пред падот во 1989 година, објави Твитер профилот „MacedonianHistory“.

Во документарец на Блумберг за Русија, има сцени од уривањето на Берлинскиот ѕид. А на ѕидот, меѓу другото, нај на нашки некој напишал: ДАНИ, ТЕ САКАМ! Кој/а е Дани, што љубов било тоа, како се случил овој графит?

Документарецот се вика „Поглед во морничавиот и иновативен руски интернет“.

Сцената е некаде на 1:26

Светот деновиве одбележува 29 години од почетокот на уривањето на ѕидот во ноќта меѓу 9 и 10 ноември, кој повеќе од 28 години ги делеше Западна или Сојузна Република Германија и Источна или Демократска Република Германија.

По падот на ѕидот во денешниот главен град на обединета Германија почнаа да паѓаат и комунистичките режими во источниот дел на европскиот континент.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија